Судот на правдата на Европската Унија со нова одлука за истополови парови и слободата на движењето при нивната дефиниција за брачен партнер

Судот на правдата на Европската Унија со нова одлука за истополови парови и слободата на движењето при нивната дефиниција за брачен партнер

Во историската одлука објавена ова утро, Судот на правдата на Европската Унија за прв пат го додефинираше терминот „брачен другар“ за потребите на слободата на движење.

Пресудата на Судот на правда на Европската Унија потврдува дека брачните другари од истополови парови кои се државјани на ЕУ се вклучени во дефиницијата, по позитивната препорака од Независниот правобранител на случајот во јануари.

Во соопштението објавено утрово, судот забележува дека „Во директивата за остварување на слободата на движење терминот „брачен другар,“ кој се однесува на лицето кое склопило брак со друго лице, е родово неутрален и со тоа може да се однесува и на истополов брачен партнер на граѓанин на ЕУ…“

Денешната пресуда значи дека сите земји-членки на ЕУ мора да ги третираат двојките од ист пол на ист начин како и двојките од различен пол во остварувањето на нивната слобода на движење. Сопругите/сопрузите од истополови државјани на ЕУ сега мора да бидат признаени и да добијат права за престој на еднаква основа.

“Еднаквоста, правичноста и прагматизмот беа во суштината на денешната пресуда од Луксембург. Судот на правдата на Европската Унија потврди дека истополовите семејства (rainbow families) треба да се препознаат подеднакво пред законот во однос на слободата на движење. Сега сакаме да видиме дека романските власти ќе побрзат да ја направат оваа пресуда реалност,“ рече Евелин Парадис, извршната директорка на ИЛГА-Европа, откако беше објавена одлуката.

Оваа значајна одлука е резултат на долгиот правен предизвик што го започнаа Адријан Коман и Клаи Хамилтон, поддржани од романската ЛГБТИ организација Accept.

„Сега можеме да погледнеме кон секој јавен службеник во Романија и низ ЕУ со сигурност дека нашите односи се подеднакво вредни и подеднакво релевантни, со цел слободно движење во ЕУ. Благодарни сме на Судот на ЕУ и на многуте луѓе и институции кои не’ поддржаа, а преку нас и други истополови двојки во слична ситуација. Човечкото достоинство е тоа што денес победува.“ – коментираше Адријан Коман ова утро.

Случајот Коман ја отстранува правната несигурност со која се соочуваат многу истополови семејства (rainbow families) – од една страна, правото на ЕУ обезбедува заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и дозволува слобода на движење, но законот на ЕУ, исто така, ги остави истополовите двојки насреде овие ситуации во правна несигурност. По денешната пресуда, тоа контрадикторно сценарио ќе биде искоренето.

„Од првиот момент кога ИЛГА-Европа поднесе претставки во постапките на Коман на национално ниво во 2016-та година, можевме да го видиме позитивното влијание што може да го има случајот. Тоа ќе ја зголеми правната заштита и сигурност за истополови двојки – нешто што не треба да се потцени. Оваа јасност ќе се почувствува не само од паровите во Романија, туку и од цела ЕУ, истакнувајќи ја моќта на стратегиската литигација и континуираната релевантност на ЕУ и нејзините закони во животот на луѓето,“ истакна Арпи Аветисјан, соработник на ИЛГА-Европа.

Романија моментално се наоѓа на 35-тото место од 49-те земји на ранг-листата за ЛГБТИ закони и политика на мапата на ИЛГА-Европа; и истополовите парови во моментов немаат правна заштита.

Романита Жордаче, потпретседателка на ACCEPT асоцијацијата и член на правниот тим реагираа: „Денес, Адријан, Клеи и ACCEPT освоија голема победа за двојките од ист пол низ цела Европа. Почнувајќи од овој момент, сите норми на ЕУ кои се однесуваат на сопружниците треба исто така подеднакво да се однесуваат на сите семејства од ист пол. Романските власти сега имаат обврска да ја почитуваат одлуката на Судот на правдата на Европската Унија и да обезбедат права за престој и минимално признавање за сите истополови семејства во слична ситуација.“

Извор