Советот за етика утврди говор на омраза и дискриминација кај медиумите

Советот за етика утврди говор на омраза и дискриминација кај медиумите

Дискриминацијата, говорот на омраза и едностраното информирање – ова се најчестите прекршување на правилата за професионално известување за кои граѓаните, здруженијата и институциите поднесуваат жалби до Советот за етика во Медиумите. Ова тело во Гостивар ги презентираше резултатите од нивните анализи за работењето на медиумите.

Од Советот за етика во медиумите велат дека нивната цел е да се унапреди слободата на изразување. Денеска Советот објави неколку одлуки за жалби поднесени за објави во домашните медиуми.

Според првата одлука, Кодексот на новинарите е прекршен од порталот Маркукуле, кој ја оквалификувал како срамна, одлуката за формирање парламентарна група за поддршка на ЛГБТИ заедницата во Македонија.  Жалителот забележал дека медиумот си дал за право да коментира како срамно, нешто што е поврзано со унапредување на маргинилизирана заедница во земјава. Комисијата за жалби при Советот, утврдила дека медиумот ги прекршил членовите 10 и 13 од Кодексот.  Иако ова тело за медиумска етика побарало уредничкиот колегиум да се изјасни по однос на наводите од жалбата, порталот не дал никаков одговор.

Голем дел од жалбите што пристигнуваат до Советот се однесуват на објави во онлајн медиумите, кои се’ уште не подлежат на законска регулатира. Ресорниот министер, Дамјан Манчевски најави дека измените во Законите за медиуми и за авму ќе ги опфатат порталите доколку тоа сама го побара медиумската фела.

Извор