Солидарност: Порака во знак на сеќавање на трансродовите жртви на насилство

Солидарност: Порака во знак на сеќавање на трансродовите жртви на насилство

Секоја година на 20-ти ноември, активисти од целиот свет го одбележуваат Денот на сеќавање на транс лицата за да им оддадат почит на трансродовите луѓе кои ги изгубиле своите животи во текот на изминатата година. Според истражувачкиот проект Transrespect versus Transphobia Worldwide (TvT) на Transgender Europe, најмалку 116 транс лица биле убиени во Европа од 2008 наваму.

Денес, 20-ти ноември, се сеќаваме на 295 транс и родово различни луѓе кои ги изгубија своите животи изминатава година.

Во знак на солидарност, ги оплакуваме сите погодени од ваквото насилство: мигрантите, обоените луѓе и сексуалните работници. Заедно можеме да му се спротиставиме на насилството врз нашите заедници.

Извор