Заштита од насилство и дискриминација во образованието

Фотографии: Ирена Цветковиќ

Конференција „Заштитата од насилство и дискриминација во образованието“

Поаѓајќи од начелото дека образованието треба да биде насочено кон зајакнување и почитување на човековите права и основните слободи, ја организиравме оваа конференција со цел споделување на информации за состојбата со еднаквоста, ненасилството и недискриминацијата во образованието, како и состојбата со почитување на правата на децата во Република Македонија.

Конференцијата има за цел да обедини неколку панелисти кои ќе споделат резултати од свои истражувања или ставови во врска со насилството, малтретирањето и вознемирувањето во училиште, ќе ја адресираат дискриминацијата кон маргинализираните групи во учебниците и учебните помагала и застапеноста на содржините кои промовираат човекови права со акцент на родовата еднаквост, сексуалните и репродуктивните права, како и препораки за надминување на истото.