Skopje Pride Weekend 2017 – TRANS-FORMATIONS (Видео документација)

Skopje Pride Weekend со задоволство ви го претставува видеото со кое го документиравме овогодишниот Skopje Pride Weekend 2017.

Викендот на гордоста се одржа во Скопје (22.06 – 25.06.2017) и беше во организација на Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”, ЛГБТИ – Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет и ЛГБТ Јунајтед – Тетово.

Целта на серијата настани во рамките на Викендот на гордоста беше да креираат простор за ненормативни форми на социјални светови, односно релации, идентитетски позиции, и телесни стилови, кои во рамките на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, изродени, ненормални, неуспешни, патолошки, чудни итн. Носечка идеја зад овогодишниот Викенд на гордоста беа ТРАНС-ФОРМАЦИИТЕ. Со оваа носечка идеја сакавме да ги отвориме прашањата за различните општествени и културни норми со кои се врамува човековата телесност, особено преку оските на родот и на сексуалноста. Уште позначајно, сакавме да ги претставиме и да експериментираме и со можностите за отпор и лизгање од нормативните решетки, токму преку самата телесност.

Уште еднаш ја изразуваме нашата благодарност до нашите поддржувачи: ФООМ, Heinrich-Böll-Stiftung, Civica Mobilitas, Sigrid Rausing Trust и USAID.