Skopje Pride Weekend 2016 – Видео Документација

Skopje Pride Weekend со задоволство ви го претставува видеото со кое го документиравме овогодишниот Skopje Pride Weekend 2016. Викенд се одржува по четврти пат во Скопје, во организација на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и ЛГБТИ-Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет. Носечката идеја позади овогодишниот Викенд на гордоста беше СОЛИДАРНОСТА, како политичка, социјална и етичка позиција која овозможува да се градат алијанси и колективи на отпор оттаде органичувачките идентитетски позиции и исклучувачко групни интереси, без притоа да се нивелираат спецификите на различните проживеани искуства на опресија и исклучување. Додека веќе со полн ентузијазам работиме на подготовка на следниот Викенд на гордоста, уживајте и потсетете се на топлата и инспиративна јунска атмосферата.

Уште еднаш ја изразуваме нашата благодарност до партнерите МОФ – Младинскиот образовен форум и Кино Култура, како и нашите поддржувачи: Амбасадата на САД, Француската амбасада и ФООМ.