Маргини во центар – серија дебатни емисии | Коалиција МАРГИНИ

Маргини во центар – серија дебатни емисии

Коалицијата Маргини во партнерство со ТВ 21 изработи серија прилози и дебати на различни теми кои ги засегаат маргинализираните заедници, односно луѓето кои живеат со ХИВ, луѓето кои употребуваат дроги и ЛГБТИ луѓето. Дебатите и прилозите се занимаваат со четри теми важни за унапредување на човековите права на маргинализираните групи: недостатокот на третман за деца кои употребуваат дроги, одржливост на програмата за певенција и третман на ХИВ, употребата на коноп за медицински цели и нападите на ЛГБТИ Центарот кои после 5 години сé уште чекаат разрешница. Дебатите ќе се емитуваат на ТВ 21 секоја недела со почеток од 20.05 часот во периодот помеѓу 14 јануари и 4 февруари.

Проектот е дел од активностите на Коалицијата за медиумска писменост основана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите (Media Diversity Institute) од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“. Целта на коалицијата е поврзување на граѓанските организации и медиумите, заеднички да работат промовирајќи ја медиумската писменост кај граѓаните, поттикнувајќи ги активно да учествуваат во јавната сфера. Членки на Коалицијата за медиумска писменост се осум граѓански организации и осум медиуми, помеѓу кои и Коалицијата Маргини и ТВ 21.



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top