Коалиција Маргини – Календар 2018

Драги сите,

со големо задоволство ви го претставуваме календарот за 2018 на Коалиција Маргини!

А со новата година, и ново име! Конечно ви го олеснуваме именувањето на нашата организација. Новото име недвосмислено застанува зад промоцијата на маргините како простори на отпор, иновација и радикална политичка и културна имагинација. Асимилацијата кон центарот и главнотековните политики не се наша визија! Од друга страна, со ова име оддаваме почит и кон нашите животни учители од независната културна сцена и култното списание „Маргина“ кое со години не’ учеше да размислуваме критички и да замислуваме поинакви светови.

Овој календар му го посветуваме на нашиот драг и сакан Огнен Чемерски. Преведувајќи, Огнен го откриваше и создаваше квир речникот, и не’ учеше дека политиките на преводот се и политики на отпор, на креирање на нов политички речник и стратегии за борба на настраните.

Неизмерно сме им благодарни на нашите драги и талентирани:
Фотографија: Samir Ljuma ( Samir Ljuma Photography )
Обработка на фотографија: Žarko Čulić ( Zarko Culik Photography )
Дизајн: Julijana Rosoklija ( https://www.instagram.com/jules.on.tabularasa/ )
Шминка: Vase Dokovski ( VD Make Up )
И секако, најмногу    за фраерите и фраерките кои ќе ги разубавуваат вашите ѕидови претстојната 2018:
Katerina Popova Филип Пајдаков Dzano Kuch Zoran Ristevski Petar Andonovski Ivana Pavlakovik Kristina Lelovac Nikola Gelevski

Исто толку   им испраќаме и на Santa Queer’s little helpers:
Ivana Kocevska Emi Ermilova Ljubomir Faizov Симона Спировска Borco Atanasov Katarina Mrcela

Happy Queerdays!

Календарот е достапен за download на следниов [линк]



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top