Интимен поглед на Менхетен после работното време на квир клубовите

Минато без крај

Фотографот Richard Renaldi ја доловува магијата на муграта и хедонизмот на њујоршките улици кога клубовите се затвораат.

Глетката ни’ е позната на многумина; делови од улиците се полнат со народ во моментот кога ноќта и’ отстапува место на муграта, додека градот околу вас се чини необично мирен, речиси спокоен.

Во овие моменти се чини како некоја нова страна на градот да се открива, страна неповрзана со конвенционалната монотонија на стаорците, туку нешто далеку помагично. Токму таа магија фотографот Richard Renaldi сакаше да ја долови во своето последно дело, Manhattan Sunday.

Ноќниот живот на Менхетен му помогна на Richard да го прифаи својот идентитет на млад геј маж во доцните 1980-ти и 90-ти во Њујорк. Влечејќи од овие искуства Manhattan Sunday содржи црно-бели слики од 2010 па наваму, направени во раните часови но неделните утра кога журкаџиите ги полнат улиците, внесувајќи живот во мртвиот град, во блескав микс на хедонистичко спокојство.

Кажи ми нешто повеќе за тоа како го замисли Manhattan Sunday.
Размислував за искуството кое го имав низ годините напуштајќи ги клубовите во мугри, па дури и рано наутро; Њујорк вообичаено функционира 24/7, но во недела сите остануваат дома. Но ако излезете во сабота вечер и останете до следноо утро, ќе видите луѓе кои преживеале.

Навистина ме привлече тој магичен момент кога луѓето стојат мирно и ги напуштаат клубовите, обично многу меланхолично; тоа е голема промена од големата бука и интензитет како контраст на ноќните клубови со сексуална возбуда.

Дали твоите лични искуства во Менхетен ја формираа основата на овој проект?
Да, дефинитиво ми помогнаа да ја раскажам приказната. Тоа е мое лично искуство уште од 90-те; дефинитивно беше нешто за кое размислував, па така излегов со фотоапаратот околу 2010 и почнав да фотографирам во 6 наутро. Така функционирав првите 4 години, но почнав да копам подлабоко во ноќта, па ќе излезев во 4 наутро кога официјалните клубови ќе затвореа, и правев портрети на градот помеѓу сите овие портрети.

Сметаш ли дека постои нешто речиси мистично во врска со градот и журкаџиите во раните утрински часови?
Не знам дали е мистично. Мистерија постои, но мислам дека дел од привлечноста на клубскиот живот е тој елемент на фантазија. Дефинитивно сметам дека има нота на мистерија и напуштање кои се случуваат при ноќните излегувања, и тоа е магично; го гледате градот кога е најпразен со новооткриената светлина и нешто ново се открива.

Зошто сликаше црно-бело?
Тоа е класична фотографска палета. Избрав да користам црно-бела техника бидејќи се надоврза на идејата за фантазија; повеќето фотографии се во боја и сакав да бидам поприземјен во идејата да ја отстранам. А има и нешто безвременско во црно-белата фотографија; мислам дека таа идеја за ноќниот клуб се предава од генерација на генерација.

Можеби ќе речете ‘не е како што беше’, но ако имате 24 години и сте нови во градот, тоа искуство е возбудливо; идејата за фантазија, идејата за опуштање, идејата да се биде во споделено и безбедно место за геј луѓе, транс луѓе или било кој кој не е дел од она што се смета за нормативно.

Ноќниот живот им пружа прилика на оние кои сакаат да се претстават себеси во ново светло да го создадат своето јас и тоа треба да им биде достапно на сите луѓе од сите генерации. Така што, не станува збор за носталгија за минатото, колку што станува збор за тоа минато без крај, минато кое можеме да го живееме одново, тоа сакав да го доловам.

Со моменталната политичка и општествена клима во САД, како мислиш дека ќе се справат овие заедници?
Се’ уште не знам, но претпоставувам дека ќе има некаков одговор во културолошка смисла.  Најитниот ефект е овој колективен отпор од оние кои се на работ на општеството, како панкерите, транс луѓето, геј луѓето, луѓе кои немаат нормативно однесување во смисла на сексуалноста, родот, модата, музиката или што и да е.

Мислам дека тие секогаш ја истакнуваат својата уникатност и различност и можеби повеќе луѓе ќе ги привлече идејата да му се спротистават на меинстримот. Но можеби и ќе ги охрабри насилниците.

Претпоставувам дека отпорот на овие заедници е подеднакво безвременски.
Дефинитивно; епидемијата на СИДА исцрпи премногу голем дел од цела една генерација на геј мажи и нивниот одговор на кризата беше со неверојатен отпор, па лутината и одлучноста на геј заедницата помогнаа да се поместат многу битки преку повеќе луѓе кои излегоа и зголемениот број на испитувања на дроги. Геј популацијата навистина се бореше за своите животи; тие умираа, а на политичкиот естаблишмент не му беше грижа. Дефинитивно постои нешто безвременско во тој отпор.

Со оглед на тоа дека станува збор за толку личен проект, ти беше потешко или полесно да ја испратиш пораката?
Претпоставувам и двете; знам дека не е правиот одговор, но дефинитивно и двете. Секако дека беше полесно да им пристапам на субјектите со оглед на тоа дека станува збор за моето племе, па постои некаква врска, но истовремено беше и предизвик во смисла дека не секогаш е лесно да навлезете во сопствената приказна или да ја погледнете истата.

Ова ме врати во искуството на излегувања и тоа беше супер; не само што работев, туку почнав и да излегувам и да се забавувам повеќе и почнав да сфаќам дека тоа е се’ уште дел од мене. Тоа не сум јас во целост, но сфатив дека се’ уште е важен дел од мене.

Извор