“ДОМА” е онаму кај што е срцето: славење на GRINDR и новата фото-книга на MATT LAMBERT

Фотографии од промоцијата на Home: Maxine Ballesteros и Jennifer Medina.

Фотографии од книгата Home: Matt Lambert.

Matt Lambert

После година полна со ужаси и нестабилности, успокојувачки е кога знаете дека се’ уште постојат луѓе кои успеваат да создадат нешта исполнети со љубов и задоволство – токму она што најплодната геј социјална мрежа и неверојатно талентираниот фотограф го создадоа за наше уживање. Home, серија на фотографии на Matt Lambert во соработка со Grindr, го става фокусот на млади геј мажи кои дискутираат за откривањето на својата сексуалност и како почнале да се чувствуваат удобно во врка со тоа.

Стара, напуштена пивница во ледено студениот Берлин е амбиентот во кој се прослави соработката помеѓу Grindr и Lambert. Морбидни црвени светла ја осветлуваат фасадата и мноштво килими и свеќи ги оцртуваат закривените патеки во салата. Во духот на ЛГБТ публиката, тоалетите се полни со кондоми и шишенца лубрикант за носење, доколку Купидон е на ваша страна. Сите маси за вечерање се перфектно поставени и секој од гостите го чека копија од Home на столчето. Авангардната забава ја предводи бенд во живо, во чиј состав се појавуваат басист, хармоникаш и андрогина пејачка во смокинг, со афро фризура, која пее исклучиво на германски. Гостите, меѓу кои и Rose McGowan, Bruce LaBruce, Olly Alexander и Dinah LuxAn полека влегуваат да ги заземат своите места за почетокот на вечерата.

Home започнува со предговор на култниот режисер Bruce LaBruce со архетипски реченици како, “Новите квир места воглавном се виртуелни … но понекогаш ми недостасува старта школа. Наречете ме геј.” Ова претходи на она што навистина е празник за очите и душата. Листајќи низ книгата со повез од црн антилоп, Matt ја појаснува содржината. “Ова е серија на портрети на млади геј мажи и разговори за првиот пат кога се почуствувале удобно,” вели тој. “Домот за мене ја претставува идејата за чувство на безбедност, што не секогаш е поврзано со физички простор – дигиталните и виртуелни простори како Grindr убедливо стануваат ваков простор за многу млади геј мажи.”

Многу од приказните во книгата имаат задничка нишка, а тоа е дека многу од субјектите не ни знаеле дека се геј, или што е тоа да се биде геј, се’ додека не се одлучиле да се закачат онлајн. Дискретни профили без лица водат кон разговор, што води кон размена на слики (да, и слики од курови), што конечно води кон средби лице в лице. Без разлика дали станува збор за искрадување и среќавање, ебење без повторна средба, или прошетка крај река фатени за рака (нешто за кое некои од книгата велат дека е надвор од нивната комфорт зона), тоа е она што го правеле овие млади мажи. (А ако имало хемија, би се ебеле покрај спомнатата река).

“Затворајќи ги очите повторно и враќајќи му се на мојот љубовник почувствував дека нешто се смени, како сега да бев дел од митот за квир тела кои водат љубов во јавност” – Igor, Home

Трагедиите во глобалната геј заедница, како пукањето во Orlando Pulse, се една од многуте катилизатори кои ја оживеаја Home. Landis Smithers, креативниот директор на Grindr, бил особено погоден од шокантната вест и веднаш му се јавил на Matt Lambert за да започнат со работа. “Му се јавив и му кажав дека треба да направиме нешто што има импакт, нешто автентично” објаснува Smithers. “Концептот беше, за време на неговите патувања, да дознае што претставува безбедно место за луѓето од денешницата, особено на младите геј мажи кои не пораснале во времето на геј баровите кои имаа атмосфера на таинственост” Со пресек на денешен ден; она што некогаш се чинеше како прекрасен развој на прифаќањето преку порастот на видливоста на геј баровите одеднаш се задуши со делата од омраза како Орландо и бомбардирањето на лондонскиот геј паб The Admiral Duncan во 1999. Тој продолжува, “Она што го откривме е дека денешните геј мажи ги наоѓаат своите ‘домови’ преку дигиталните простори и апликации.”

Зголемената употреба на социјалните мрежи претставува стигма за некои луѓе и понекогаш може да биде и поизолирачка, но Matt гледа на ова поинаку. “Се надевам дека книгата ќе ги охрабри луѓето да продолжат да копаат – да го пронајдат своето место и да не се чувствуваат осамено заради тоа што не наишле на солидарност на површината од нивните заедници,” вели тој. “Дигиталните простори ја создадоа можноста за здружвање во рамките на глобални племиња и ни овозможија да копаме уште подлабоко во она кои сме”.

“Сакале или не, не’ зближува како мажи. Дури и да се чувствувате осамено, може да ве поврзе со геј светот кој ви се крие пред носот” – John, Home

На тема изолација, Landis се сеќава на моментот кога за прв пат ги погледнал фотографиите во Home. “Има одредени слики каде момците се толку осамени и срцето почна да ми се крши по малку бидејќи тоа чувство на изолација им е наметнато како на луѓе кои бараат нешто – ова е прилично универзално, а не исклучиво геј искуство.” Тој продолжува: “Уште пред да го вметнеме текстот, само гледањето во фотографиите направи да бидам длабоко емотивен. Ми проговори на многу различни нивоа. Се чувствував осамен, но и моќен и исполнет, како и дека не постои друг како мене.”

Соработката помеѓу Matt и Grindr расцвета толку природно што тие го назначија за Глобален директор на новите креативни содржини на кои се работи во моментов. “И јас, и тие сметаме дека постои недостаток од места каде ќе се слушнат ЛГБТ гласовите,” вели Lambert за соработката. “Постојат одлични платформи, но дефинитивно треба да се пополнат некои дупки.” Во новата улога, Lambert “се надева дека ќе им даде глас на обезгласените и ќе им покаже на луѓето дека можеме да раскажуваме приказни и да создаваме фасцинантни предизвикувачки дела кои не мора да бидат дефинирани исклучиво од темите на предмет.”

Grindr предничи со соработки кога станува збор за светот на апликациите. Не смее да ја заборавиме одличната соработка со JW Anderson кога вообичаените ‘masc 4 masc’ разговори беа прекинувани со пренос во живо на колекцијата есен/зима 2016 на целата платформа. Кога е во прашање иднината на Grindr, Landis вели, “Се движиме во светот на модата, спортот и политиката – овој проект на некој начин е микс на уметност и политика. Она кон кое се стремиме е да продолжиме да го одржуваме разговорот за темите кои се критични за нашиот свет. Сакам да создадам место каде дијалогот ќе се интензивира и каде ќе овозможуваме простор за поврзување на луѓето и преземање акција.”

На прашањето каков совет би дал некому кој ја има книгата в раце и се наоѓа во опресивна геј ситуација, Matt вели, “Биди трпелив. Биди оптимистичен. Биди внимателен, но научи да имаш доверба.”

Извор

Препорачуваме: Дополнително, во продолжение погледнете го видео спотот на Mykki Blanco за ‘High School Never Ends’ во режија на Matt Lambert.

 

 



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top