Сексуалната работничка Cardi B на врвот на Билборд Топ 100

Сексуалната работничка Cardi B на врвот на Билборд Топ 100

Cardi B се искачи на врвот на листата на Билборд со Bodak Yellow и го зазема своето место во историјата како првата женска раперка која без помош од друг артист е на првото место, прв пат после 20 години.

Нејзиниот успех бележи важна победа во застапувањето на маргинализираните групи. Како црна жена со позадина во сексуалната работа, искачувањето на врвот на Cardi B е наратив вреден за прослава.

Во општество каде сексуалната работа е стигматизирана и наголемо криминализирана, видливоста на Cardi B е од исклучително значење.