Режисерот Bruce LaBruce за женските брадавици во геј порно и важноста да се има филозофија на хомосексуалноста | Коалиција МАРГИНИ

Режисерот Bruce LaBruce за женските брадавици во геј порно и важноста да се има филозофија на хомосексуалноста

Геј порно студиото Cockyboys, познато по својата релативно исполирана продукција, го ангажираше канадскиот инди режисер да сними четири видеа за нив. Тие беа објавени минатиот месец и веќе секцијата за коментари е наголемо поделена. Некои коментираат дека ќе ја откажат својата претплата (“Не сум сигурен што изгледав, но тоа не е нешто што сакав да видам”), а други имаат само пофалби: “Ви благодарам Bruce & Cockyboys за ова фантастично лудо еротско парче порно уметност !!! Ова е навистина голема квир револуција!”

Но ова не е никакво изненадување; LaBruce (54) во текот на изминатите триесет години од неговата кариера имаше вакво влијание врз луѓето. Тој се смета за еден од татковците на таканареченото queercore движење, отсек на квир панк кинематографија од осумдесетите. Неговите дела отсликуваат широк спектар на сексуални табуа и екстреми, како што се групното силување, фетишизам за лица со ампутирани делови од телото, геронтофилија и вампирски секс. Во секое негово интервју, со леснотија го најавуваат со термини како провокатор, контроверзен или бунтовник.

“Го пропушти enfent terrible!“, додава тој низ смеа откако го прашав како се чувствува во врска со тоа за време на нашиот Скајп разговор. LaBruce е во Берлин, во посета на уметнички настан и, не, не му пречи. Иако, вели дека повеќе се доживува себеси како “полемичар”: “Имам академска позадина, мислам дека моите филмови оддаваат впечаток на дисертации на одредена тема. Но, тежнеам кон експлоатационите филмови, жанр кој често се справува со табуата и фетишите на крајно конфронтирачки и понекогаш вознемирувачки начин “.

Па оттука: имајќи го ова предвид, ќе си помислиш дека една жена со откриена брадавица е прилично невино во сцена која инаку има згодни голи момци во изобилство. Сепак, многу обожаватели на Cockyboys не беа задоволни по гледањето на Flea Pit во режија на LaBruce, второто видео од серијата која е насловена It’s Not The End of the World, It Just Feels Like It.

Сместени во порно кино од 70-те, протагонистите на Flea Pit постепено го пренасочуваат погледот од кино-платното кон себеси. Сцената потоа се развива на начин својствен за жанрот, но спротивно на конвенциите на геј порно една жена седи во киното – и таа не се плаши да покаже дека и’ се допаѓа она што го гледа.

“Бев малку вознемирен што сè уште постојат многу мизогини хомосексуалци”, реагира LaBruce. “Хомосексуалци кои мразат жени беше честа појава во 70-те и 80-те години, но очигледно сè уште е нешто сосема присутно. Сакав таа да стане еден од гледачите – ова и’ додава воајеристички слој на сцената што прави да бидете свесни дека сте набљудувани додека гледате порно.”

Возбудата не застанува тука. Во Uber Menschen, видео во кое главни протагонисти се еден таксист и неговиот клиент, LaBruce ја отвора темата за самоубиство. Тема која не е вообичаена во порнографијата. Во видеото Purple Army Faction, LaBruce ја испраќа беспрекорно средената елитна специјална единица по улиците во лов на стрејт момци кои ќе ги преобрати геј, сето ова со една благородна цел – спасување на планетата. Видеото е пресечено со заматени текстуални граничници на кои се испишани слогани како Down with procreation и Breed the breeder.

Терористичките групи и политиката со сигурност се еден вид на оддалечување од вообичаените сценарија на Cockyboys во кои две момчиња се будат во хотелски кревет. ‘Hammer geil!!!!’, со восхит напишал еден од гледачите – дефинитивно постои поддршка. Но, некои имаат проблем со ерекцијата: “Веќе не ми е јасно што прават Cockyboys”, искоментрал еден од нив, а има други кои се сосема лути.

LaBruce си го има добиено своето заради нечие неодобрување. Пред неколку години во Мадрид некој фрли вистинската бомба на неговата изложба – која не се активираше. Сепак, тој звучи доста вознемирен кога зборува за негативните реакции: “Луѓето многу се лутат кога се обидувате да додадете уметничка компонента во порнографијата. Тие мислат дека тоа се коси со нивната ерекција. Многу луѓе сакаат да гледаат исклучиво суров, навистина хардкор секс. И јас самиот гледам порно и дркам на интернет, па со сигурност знам дека постојат пет милијарди опции. И на крајот, една личност што се обидува да направи уметничко порно толку ве вознемирува?”

Имаш ли снимено филмови на кои и самиот би дркал?

“Секако. Кога снимам порно една од работите кои укажуваат дека сум на вистински пат е дали се возбудувам зад камерата. Во мојот случај, секогаш се обидувам да ангажирам луѓе за кои лично сметам дека се сексуално стимулативни. Значи, да, ако не ти се допаѓаат уметничките елементи, можеш да ги гледаш само секс сцените, кои и онака се многу жешки. Еден од предизвиците во порнографијата е да создадеш нешто што не си го видел претходно. Геј порното денес се развива според формула. Наративот на сцената и’ дава поинаков набој. Можеби сте го виделе едниот ист сексуален чин стотици пати, но ако истиот е во различен контекст, катарзичен е на поинаков начин. “

Дали порно глумците се добри актери?

“Лично сметам дека се. Многу од нив се возбудени кога ќе побарате од нив да снимат сцена што е повеќе концептуална, бидејќи ужасно им е здосадено да го прават истото одново и одново. Во многу филмови наративот е само воведен текст за сексот: само еден обид во кој актерот треба да каже една реченица во целосно здрвена изведба и тоа е клишето на порнографијата. Но, јас се обидов и повеќе снимав како вистински филм, со повеќе обиди. Ако побарате да снимите одново и одново и попатно ги насочите како да го изведат текстот на поинаков начин, или им дадете идеја за тоа што чувствува ликот, или кое е значењето на филмот – тие ќе го испорачаат тоа . На крајот на денот тие се природни перформери. Само што ретко се бара од нив навистина да глумат. Уживам да работам со нив и бев особено задоволен од исходот на Purple Army Faction.”

Тој ги синхронизирал дијалозите од ова видео на германски јазик. Потег со цел да се надмине разликата во акцентите на актерите кои имаат различна националност. Ова функционира изненадувачки убедливо и резултатот е прилично смешен: на ѕвездата на Cockyboys, Levi Karter – кој има 125.000 следбеници на Твитер – му е додаден пискав глас од хелиум. Ова и’ додава квалитет на филм од Б-категорија на сцената, што е потполно на линија со уште една друга препознатлива нишка од стилот на LaBruce: не постои буџет како низок буџет. Или, како што LaBruce потсетува на еден критичар кој напиша за неговиот деби-филм во 1993: “Некој треба да му даде на Bruce LaBruce 1,98 долари за да направи уште еден филм!”

Тоа е стил кој тој го претвори во своја предност, кој со ретроспективата во њујоршкиот Музеј на модерна уметност во 2015 година потврди дека неговиот избор да работи од маргините е токму тоа што го прави LaBruce релевантен. Меѓу другото, истиот тој деби-филм, No Skin off My Ass, му донесе вечен гранџ кредибилитет откако Kurt Cobain, наводно, го прогласил за свој омилен филм.

Имам прочитано дека всушност преферираш ниско-буџетни специјални ефекти наспроти пософистицирана продукција со голем буџет, бидејќи им даваат разиграност на инаку насилните и грозоморни сцени. Дали воопшто сакаш да работиш со големи буџети?

“Ми се допаѓаат и двата начина. Gerontophilia беше поголема продукција и планираме да снимиме уште еден следната година во Канада. Со ниско-буџетните филмови, генерално имате апсолутна слобода. Кај поголемите филмови повеќе луѓе имаат став за она што го правите. Тоа е различен процес “.

Дали е тешко да се најдат средства за поголеми проекти ако имаш минато во порнографијата?

“Постои стигма против луѓето кои прават порно или изведуваат во него. Претпоставувам дека мојата ситуација е малку поинаква. Да се биде уметнички порнограф е дел од мојата личност, по тоа сум познат. Но, кога работам на филм со поголем буџет, морам јасно да им нагласам на луѓето кои го финансираат дека тоа не е порно филм. Иако на повеќето луѓе во уметничките филмови правењето на порно навистина не им е проблем, тие всушност мислат дека е некако кул” (се смее)

Кога нешто постанува порно, каде е линијата?

“Секогаш велам дека тоа е линијата на пенетрација. Навистина е реткост, па дури и во артхаус филмови да видите пенетрација одблизу. Особено вагинална или анална. Можеш да се извлечеш со пушење тука и таму, но тоа е тоа. Филмовите со поголеми буџети генерално сакаат професионални актери. Сѐ уште е многу тешко да се најде меинстрим актер кој ќе сними сексуално експлицитна сцена, тоа е табу што сè уште постои”.

Еднаш имаш изјавено дека твоите филмови се борат против хегемонијата на холивудскиот наратив. Би можел ли да објасниш?

“Кога почнав да режирам ја користев порнографијата како политички гест да бидам панк и гласен со претставувањето на хомосексуалноста. Меинстрим филмот се создава на начин што те вовлекува во приказна која би требало да претставува реалистичен приказ на сцени. Сите лабави краеви се врзани и има среќен крај во согласност со доминантната култура и идеологија, митови кои делумно се создадени од Холивуд. Ми се допаѓаат експериментални филмови кои ги нарушуваат и интервенираат во овие механизми за да ги натераат луѓето да бидат свесни за нив, да се потсмеваат и да ги исмеваат конвенциите “.

Исто така, еднаш имаш изјавено дека секој хомусексуалец треба да има „филозофија на хомосексуалноста“. Која е твојата?

“Себеси се сметам за репресиран хетеросексуалец. Верувам дека сите се раѓаме уставно бисексуални и дека на некој начин од најрана возраст сме условени да одиме во една или друга насока. Ако мислиш дека си целосно хомосексуален, ок, јас сум скоро сто проценти хомосексуалец. Но, сè уште се гледам себеси како репресиран хетеросексуалец на некое ниво, исто како што ги гледам луѓето кои велат дека се целосно стрејт како репресирани хомосексуалци. Значи, мојата филозофија е дека родот и перформативноста на родот се конструкти и вештачки, а ние треба да бидеме свесни за тоа. За мене тоа е и политичка филозофија: да се биде квир е можност да се биде поинаков. Тоа треба да се слави и да не се зема здраво за готово. Дадена ти е можност да не се вклопиш во шаблоните на светот и да ги истражуваш сите тие различни видови пермутации и можности. Тоа е привилегија што не треба да се прокоцка. “

 

Хомосексуалците не треба да се обидат да се вклопат?

“Тоа е дел од тоа: да се прилагодиш на идејата за брак и моногамија и сите конзервативни институции што сме условени да ги прифатиме. Навистина има бесконечни алтернативи. Само немојте да бидете фиксирани во вашето размислување. Да се биде хомонормативен е подеднакво лошо колку што е да се биде хетеронормативен. Дали сте слушнале за Cocky Moms? “

Женските обожавателки на веб-страницата на Cockyboys? Бев изненаден да видам некои од нив во делот за коментари, да. Би сакал да ја направам мојата следна сторија за нив.

“Cockyboys има огромна база на обожавателки на средовечни стрејт жени. Многу од нив се разведени самохрани мајки. Многу интересен феномен. Постои речиси мајчински аспект во динамиката, но исто така е и сексуален. Моите први филмови беа култни во Јапонија во 90-те години. Кога го прикажав Hustler White на Меѓународниот геј и лезбијски филмски фестивал во Токио, две третини од петстотини луѓе беа многу млади стрејт девојки. “

Луѓето се фасцинантни

“Сигурно, затоа не постои изговор да се биде здодевен хомосексуалец”.

Извор

 



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top