Речиси сите масовни убијци се мажи. Треба повеќе да зборуваме за тоа | Коалиција МАРГИНИ

Речиси сите масовни убијци се мажи. Треба повеќе да зборуваме за тоа

Ситуацијата е секогаш иста, од бомбашкиот напад во Оклахома до масакрот во Норвешка. Непосредно после секое масовно убиство, претпоставката е дека го извршил муслиман. Така беше и во понеделникот – само неколку минути откако комбето беше залетано кон пешаците во Торонто, екстремно десничарската партија беше мобилизирана на социјалните медиуми во потрага по џихадист. Paul Joseph Watson, од веб-сајтот за теории на заговор Infowars, објави: “Џихадист самошто уби девет лица”; Katie Hopkins го нарече канадскиот премиер, Justin Trudeau, “терористички сојузник“.

Но, постои далеку побезбедна претпоставка која генерално може да се направи. Додека релативно мал дел од масовните убијци во Северна Америка се муслимани, во светски рамки тие се речиси сите мажи.

Сепак, нема да има жалби за умерените мажи да се откажат од токсичната машкост, нема да има дополнителен надзор на места каде што мажите се собираат, нема да има спонзорирани планови од владите за промовирање на умерена машкост, или забрана за патување за мажи. Навистина, едното нешто што постојано е точно за ваквите инциденти, без оглед дали се класифицирани како терористички или не, во најголем дел ќе остане незабележано. Очигледно, сите мажи не се убијци. Но, фактот дека речиси сите масовни убијци се мажи треба, во најмала рака, да остави простор за размислување. Ако жените убиваа луѓе по оваа стапка, феминизмот ќе беше на обвинителна клупа. Фактот дека се мажи е прифатен и очекуван. Момчињата ќе бидат момчиња; масовните убијци ќе бидат мажи.

Злосторството во Торонто, каде што Alek Minassian е обвинет за убиство на 10 лица и повреда на 14, ни’ дава уште една шанса да размислиме за деструктивниот капацитет на машкоста – и тоа не само затоа што тоа може да биде главен мотив за овој напад.

За Minassian не е познато дека има силни верски припадности. Но, според неговиот Фејсбук профил, тој се идентификувал со приврзаници на “incel” (кратенка за “неволен целибат”), кој е за стрејт мажи кои не можат да имаат секс, и покрај тоа што сакаат “и го дели светот на Stacys (атрактивни жени кои нема да спијат со нив) и Chads (мажи кои се сексуално успешни).

Изгледа невино и адолесцентно – мешавината од патос и приапизам која им помогнала на момчињата-бубалици низ средно училиште. Но, Minassian има 25 години и не го надрасна ова, туку прерасна во истото со одмазда. Неговиот последен Фејсбук пост гласеше: “Востанието на Incel веќе започна! Ќе ги собориме сите Chads и Stacys! Сите поздравувајте го Врховниот господин Elliot Rodger! ”

Во 2014 година, 22-годишниот Rodger напишал естрих против, меѓу другото, жени и парови (особено интер-расни двојки), пред да убие седум луѓе, вклучително и самиот себе, а 14 биле повредени во Исла Виста, Калифорнија. “Не знам зошто не ве привлекувам девојки, но јас ќе ве казнам за тоа”, изјавил Rodger во едно видео снимено пред дивјаштвото. “Тоа е неправда, злосторство, бидејќи … јас сум совршен човек, а сепак им се фрлате овие непристојни луѓе наместо мене, врховниот господин”.

Alexandre Bissonnette, кој уби шестмина и повреди 19 луѓе во џамија во градот Квебек минатата година, се идентификувал со Rodger и го пребарувал на Google пред злосторството.”

Alexandre Bissonnette, who killed six and injured 19 in a mosque in Quebec City last year, identified with Rodger and had been Googling him not long before the crime.

Со десетици илјади посети на форумите, incel воопшто не е маргинален – сепак премногу аморфен и неповрзан за да се удостои со терминот движење. Може да се дебатира колку е распространет култот на Rodger. Но, проблемите со мизогинија и несоодветност кои ги привлекуваат мажите кон него, го карактеризираат далеку поширокиот и подлабок проблем кој помага да се објасни машкото насилство.

Од една страна, постои омраза кон жените, во најголем дел родена од чувството за надмоќ. Овие мажи не го презираат само фактот дека не можат да имаат девојка. Тие сметаат дека жените ги ускратуваат од сексот кој им припаѓа. Тие припаѓаат на истата демографија како движењето Gamergate, во кое мажите гејмери систематски ги малтретирале жените развивачки на игри и медиумски критичарки, подложувајќи ги на силувања и смртни закани и објавувајќи детали за нивниот личен живот на интернет.

Овие мажи, каде и да се, сега имаат повеќе политички простор отколку што порано. Постои значително преклопување со американското тврдокорна десница. И тие имаат пример во Белата Куќа во облик на претседател кој беше обвинет за силување од неговата прва сопруга, фалења за грабање на женските гениталии, измислување на сексуални приказни за жени на интернет и отворено омаловажување на нивниот изглед и интелект. Во книгата TrumpNation од 2005 година, идниот претседател му кажува на Timothy O’Brien дека неговиот омилен дел во Pulp Fiction е кога “Sam [Jackson] го вади пиштолот во ресторанот и му вели на момчето да ја замолчи својата девојка: Кучка да биде кул. “Кажи и’ на кучка да искулира”. Кажи “Искулирај кучко!”. Ги обожавам овие реплики.

Не знаеме колкав дел од овие мажи имаат насилни врски и дали воопшто имаат врски. Но, знаеме дека постои значајна корелација меѓу домашното насилство и масовните убиства.

Извештајот Everytown for Gun Safety минатата година откри дека помеѓу 2009 и 2016 година повеќе од половина од масовните убиства во САД биле поврзани со домашното или семејното насилство. Во една третина од јавните масовни убиства во тој временски период, напаѓачот имал историја на насилство врз жени – домашното насилство е почеста карактеристика кај масовните убијци отколку менталните болести.

Од друга страна, постои длабоко чувство на жалење. Додека повеќето луѓе избегнуваат асоцијација со неуспех, овие луѓе ги привлекува тоа. Нивната неадекватност е централна и за нивниот идентитет и за нивниот бес. Тие не се мажите кои сакаат или треба да бидат; тие го немаат статусот за кој сметаат дека им е даден со раѓање. Ова е вина на некој друг и затоа некој, кој било, мора да плати. “Вџашениот маш”, пишува Douglas Kellner во Guys and Guns Amok, опишувајќи го човекот кој веројатно ќе изврши масовно убиство, кој “очигледно е надвор од неговиот ум … Но на неговото дивеење му претстојат долгите задушки на неуспехот и внимателно се планира како средство за избавување од неподнослива ситуација “.

Иако желбата за доминација и прегратката на неуспехот можеби звучат контрадикторно, тие всушност се дел од истата патологија. Бесот произлегува од фактот дека она над кое сметаат дека имаат право – женските тела, женските животи, женската покорност – не им е достапно. Тие го мразат она што не можат да го имаат. И, се разбира, тие се мразат поради нивната неспособност да го добијат.

Ако некогаш постоеше илустрација за тоа како патријархалниот систем не’ понижува и исцрпува, тогаш ова е тоа. Неспособноста да ги искористат машките привилегии за кои веруваат дека им се должат, се чувствуваат неадекватни и стануваат огорчени, а некои стануваат и насилни. Често чудни, срамежливи и несигурни, не можат да ги исполнат стандардите на мачоизмот што ги бара патријархатот. Мислат дека феминизмот ќе ги уништи. Но, всушност, тоа е нивната најголема шанса за ослободување, бидејќи колку помалку жени се принудени да се прилагодат на наметнатите поими за женственост, толку повеќе простор има во машкоста за да бидат самите себеси. Како такви, тие не се само сторители на мизогинија, туку производи и, во крајна линија, жртви на истата.

Извор

Може ќе ве интересира



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top