УСНИ – Квир Феминистички Фанзин

Преземи
Во текот на изминатите месеци имавме чест да работиме со извонредна група на млади паметни, ентузијастични и критични луѓе во рамки на Школата за сексуалности, род, политика и култура. Како резултат на серијата предавања и дружби, учесниците одлучија да подготват квир феминистички фанзин. Можете да го симнете на линкот подолу и да уживате во различните текстови и содржини што девојките и момците ги подготвија. Голема благодарност на сите нив.

Благодарност и до УСАИД кои во рамки на партнерскиот проект за Инклузија на ЛГБТИ луѓето го препознаа ова како вредно за поддршка.