Протокол за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација

Дискриминацијата е појава која се јавува во рамките на секоја локална заедница, врз различни основи, преку различни облици и во области коишто се во надлежност и на централните и на локалните власти.

Со цел поднесување на претставки за заштита од дискриминација поткрепени со соодветни факти и докази и со јасно утврдени елементи на дискриминација, неопходно е пристап до правна помош за жртвите. Со оглед дека е висок  процентот на граѓаните кои се во лоша материјална положба, а се истовремено жртви на некаков облик на дискриминација по различни основи, неопходно е вклучување на повеќе актери и институции со цел пријавување и санкционирање на чиновите на дискриминација.

Во соработка со општините Куманово, Штип и Струмица, ги изработивме овие протоколи за унапредување на локалните механизми за заштита од дискриминација.

Целта на овој протокол е да го унапреди поднесувањето на претставки од страна на жртвите на дискриминација на локално ниво, да ја опише улогата на координаторите за еднакви можности и соработката со подрачните одделенија на Министерството за правда во општина Струмица во процесот на давање на бесплатна правна помош на жртвите и посредувањето со Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, вклучително и надлежностите и интерната постапка на овие институции одговорни за заштита од дискриминација.

Протоколот за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација во општина Куманово е достапен [тука на македонски јазик] и [тука на албански јазик], за општина Штип [тука] и за општина Струмица [тука].

Може ќе ве интересира



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top