Преку виножитото во Европа

Преку виножитото во Европа го испитува мноштвото на политички, општествени и културни импликации на се’ порелевантната симболичка поврзаност на европеизацијата, ЛГБТ активизмот, правата на ЛГБТ луѓето и нехетеронормативноста. По агресивниот етнонационализам, овој микс на концепти создава повеќекратна диференцијација помеѓу земјите од бивша Југославија и ЕУ, но и во постјугословенскиот простор и регионалните активистички „сцени”.  Взаемното дејство на европеизацијата и сродните, идеолошки задоени поими на европските современости, слободи и демократии, од едната, и „геј борбата”, од друга страна, има прилично амбивалентен ефект: имено, оваа врска задава тежок удар врз репресивниот поредок на патријархални родови односи, бидејќи „ненормативните” сексуални идентификации ги извлекува исклучиво од приватниот простор, но и го нарушува дејствувањето на активистичките иницијативи на локално ниво и ја отуѓува борбата за нехетеронормативна еманципација од домашните политички арени. На овој начин, онаму каде ЕУ се’ уште не успеала во целост, се создава „дисциплиниран геј субјект способен за европејство” и се произведува „меѓународно-домашна јавна сфера” на повластени гласови во која западните амбасади и нивните претставници почнуваат да промовираат политичка програма поврзана со правата на ЛГБТ луѓето која задолжително не се совпаѓа со локалните проблеми, ниту ги поврзува со другите извори на опресија.

Овој зборник, заснован на опсежни етнографски истражувања, нуди брилијантна анализа на комплексниот однос помеѓу ЛГБТ правата и европските интеграции, и претставува значаен допринос не само кон литературата за активизмот на просторите од бивша Југославија, туку и кон социолошката структура на активистичкото делување на ЛГБТ воопшто. Во таа смисла, Преку виножитото во Европа е корисна референца за сите кои се занимаваат со студии за родот и општествените движења.

Jill A. Irvine

Универзитет на Оклахома

Овој исклучително оригинален зборник не претставува само пионерски допринос кон истражувањата за ЛГБТ активизмот, туку нуди и одличен пример за тоа како на теоретски втемелен и ангажиран начин може да се пристапи кон политичките и општествени конфликти во југоисточна Европа. Резултат на таквиот пристап е книга која е импресивна и по опсегот на емпирискиот зафат и по академската ригорозност на поединечни прилози.

Eric D. Gordy

Универзитетски колеџ Лондон

PDF публикацијата може да ја превземете во целост во прилог.

На страна 86 може да го најдете текстот на Ана Мишковска Кајевска за историјата на македонскиот ЛГБТ активизам.

Извор