Конопот за медицинска употреба во Македонија – Здравје или бизнис?

Преземи

Со измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции од февруари 2016 година, Македонија стана 14-та земја во Европа и 3-та во регионот што го легализира конопот за медицинска употреба. Но, долгоочекуваниот Закон не ја исполни целта за која е наменет бидејќи легално достапните форми на коноп не ги отсликуваат потребите за лекување различни болести, продажните цени се премногу високи, лекарите-специјалисти само спорадично и со скептицизам препишуваат препарати од коноп, а пациентите продолжуваат да ги набавуваат лековите од црниот пазар. Овој документ има цел да ги утврди пропустите во актуелното законско решение што резултираат со негова несоодветна примена. Освен тоа, документот ги сумира искуствата и ставовите на клучните засегнати страни и прави преглед на моделите за регулација на медицински коноп во Израел, Канада и во Шпанија, врз чија основа предлага алтернативни решенија за унапредување на пристапот до овие лекови за пациентите во Македонија. Во таа насока, неопходно е изготвување ново законско решение што ќе овозможи легален пристап до лекови од коноп во различни форми и со концентрации соодветни за третман на многу повеќе здравствени состојби од сега дозволените, но и со цени што ќе бидат во рамките на финансиските можности на граѓаните. Ова подразбира и укинување на строгите услови за одгледување коноп, додавање дел од лековите на позитивната листа, како и креирање простор за пациентите да можат сами да ги подготвуваат препаратите од коноп за сопствена употреба.

Издавач: Фондација за демократија на Вестминстер

Автори: Наташа Бошкова и Ивица Цековски

Овој документ е овозможен со финансиска поддршка на Европската Унија во рамки на проектот „Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права“ што го реализира Фондацијата за демократија на Вестминстер во соработка со Високата школа за новинарство и за односи јавноста. Наведените мислења на оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на Европската Унија.