Протестен марш на Платформата за ХИВ

Протестен марш на Платформата за ХИВ

Платформата за  одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ ја сочинуваат 16 граѓански организации од 9 града во Македонија, од кои најголемиот дел се директно вклучени во спроведувањето на активностите за превенција на ХИВ помеѓу групите изложени на најголем ризик.

Во националната програма за ХИВ за 2017 година неопходни се најмалку 65 милиони денари од буџетот на Република Македонија, според проценките на домашни експерти што ги ангажираше Министерство за здравство. Наместо тоа предлог  – Буџетот на Република Македонија за 2017 година предвидува само 27 милиони денари.

Поради  тоа, ние граѓанските организации кои спроведуваме активности за превенција и навремено откривање на ХИВ помеѓу групите изложени на најголем ризик, на 1ви декември, Меѓународен ден за борба против СИДА, организираме протестен марш да го изразиме нашето незадоловолство од донесувањето на скратениот буџет за националната програма за ХИВ, да дадеме поддршка на лицата кои живеат со ХИВ и оддадеме почит на лицата кои ги изгубиле животите од СИДА.

Настанот ќе започне со прес – конференција пред Министрество за здравство во 12:05 часот (место на собирање во 11:30 часот во Паркот на новинари), и ќе продолжиме до плоштад.

Ве повикуваме да го поддржите нашиот протестен марш, да ја информираме јавноста и донесувачите на одлуки  гласно, зошто е важно да се обезбедат средства за програмите за превенција на ХИВ и што значат тие програми за лицата на кои најмногу име се потребни.

Срдечен поздрав,

Платформа за ХИВ