ПОВИК за учесници на курс за фотографија: Со окото на маргините

ПОВИК за учесници на курс за фотографија: Со окото на маргините

 

Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” во партнерство со ЛГБТИ центарот за поддршка и ЛГБТ Јунајтед Тетово, објавува повик за учество на курс за фотографија.

Организирањето на курсот има за цел да ја зголеми видливоста на сексуалните и родовите малцински групи и индивидуи и да ја намали  нивната дискриминацијата и стереотипното претставување во втемелената култура и медиуми. Овој курс ќе им овозможи на лезбејките, геј мажите, бисексуалните, трансродовите, интесексуалните и квир лицата да стекнат познавање, вештини и капацитети за себе-претставување и изразување на сопствените искуства, култура и практики,  како и за подигање на свеста за негативните стереотипи  и искуствата на насилно однесувањекои  не се вклучени во доминатните медиумски визуелни содржини и културни политики.

Посебен акцент во текот на курсот ќе биде ставен на користењето на фотографијата како средство за граѓански активизам и социјална критика. Во рамки на курсот, учесниците ќе се стекнат со знаења за:

  • Активизмот, уметноста и субкултурите,
  • Историјата на фотографијата,
  • Техниките на фотографирање: композиција, осветлување, фотографирање во различни услови, обработка на фотографии, итн.,
  • Развој на проект,
  • Фотографирање во надворешни услови и техники на студиска фотографија,
  • Дигитално развивање и обработка на фотографии,
  • Начини на изложување на фотографиите, и
  • Текст и фотографија.

Курсот ќе се одржува во периодот од 20 април до 20 мај, во текот на викендите (сабота и недела), во Скопје. Присуството на предавањата и работилниците ќе биде задолжително за сите избрани учесници.

Предавањата и работилниците на курсот ќе ги водат: Драшко Костовски, Жарко Чулиќ, Томислав Ѓеоргиев, и Славчо Димитров.

Во текот на курсот секој учесник ќе работи под менторство на предавачитена развивање на авторски и иднивидуален фотографски проект.

Фотографиите кои ќе произлезат како резултат на курсот ќе бидат изложени во рамки на фестивалската програма на овогодишниот Викенд на гордоста Скопje 2017.

Постапка за пријавување:

Заитересираните лица треба да достават кратко мотивационо писмо за учество на Курсот (максимум 1 страна) на е-пошта: slavco.coalition@gmail.com, најдоцна до 10.04.2017.

Во писмото апликантите треба накратко да гообјаснат својот мотив за пријавување на овој курс, своето досегашно исксутво со фотографија (доколку имаат), и очекувањата од курсот.

* Од апликантите се очекува посветеност и редовно учество на сите предавања и работилници во периодот на одржување на курсот!

Конечните резултати од изборот на учесниците ќе бидат објавени најдоцна до 15.04.2017.

За учесниците од другите градови од републиката ќе бидат покриени патните трошоци, како и трошоците за сместување и оброци.

Предност во селекцијата на учесниците во курсот ќе имаат лицата од ЛГБТИ заедницата, но повикот е отворен и за сите лица кои се идентификуваат во квир спектарот, или пак лица кои едноставно имаат интерес и желба за покривање на квир теми.

Курсот за фотографија е дел од “Проект на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето во Република Македонија”.

 

 

*Содржината на повикот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на УСАИД или Владата на САД.