Покана за собир на текстилните и кожарските работници

Покана за собир на текстилните и кожарските работници

Здружение на граѓани на текстилни и кожарски работници ТИВКОТО МНОЗИНСТВО

Штип 08.12.2016

Покана

Почитувани колеги,активисти и граѓани,

 

Здружението на граѓани на текстилни и кожарски работници ТИВКОТО МНОЗИНСТВО – ГЛАСНО,од Штип на 08.12.2016  организира собир на текстилните и кожарските работници. Потребата од овој собир е повеќе децениска манипулација и злоупотреба на овие работници од страна на системот,државата ,институциите и самите работодавачи. Веќе скоро година здружението работи напорно  за да ја стекне довербата на овие работници на кои 25 години никој не се сети.Напорно работи во детектирање на проблемите со кои се соочуваат и изнаоѓа решенија како би се подобриле условите и платите на овие работници кои лебот го заработуваат можеби на најтешкиот начин-со игла. Ваквиот собир е неопходен за да се слушне нивниот глас ,да проработи свеста на државата ,институциите и општеството. Вашата поддршка како невладини организации,граѓани ,активисти ни е од големо значење за афирмација на нашата работа како здружение. Вашето присуство на настанот ќе ги охрабри овие работници ,за кои пак ќе потенцирам дека се заборавени .Исто би сакале да бидете дел од цела организација бидејќи на 08.12.2016 година ,во 19 часот ,здружението ќе најави формирање на  синдикат кој ќе постои за да ги подобри нивните услови на работното место,кој ќе се бори за нивните права да бидат добиени ,а инаку им се загарантирани со закон. Активностите започнуваат во 14:00 часот ,а главниот настан е во 19 часот.

Во прилог,ви ја испраќаме целодневната агенда. Се надеваме на Вашето присуство и поддршка кои ни се од огромно значење и нас како здружение ,но пред се на работниците од текстилната и кожарската индустрија. Со нетрпение ве очекуваме на 08.12.2016 година  пред просториите на КУЦ ТЕКСТИЛ и ГЛАСНО во Штип .

Со почит,

Претседател на здружение

Ампева Кристина

Агенда на Настани

 

14:00 – Работничките мантили

излегуваат на Штрајк / креативна

инсталација

 

16:00 до 18:00 -Цртање на платно+

DJ

 

19:00 – Собир на Текстилните и

Кожарските работници