Поддршка на новиот закон за спречување и заштита од дискриминација | Коалиција МАРГИНИ

Поддршка на новиот закон за спречување и заштита од дискриминација

Гласај за еднаквост и недискриминација!

Поддршка на новиот закон за спречување и заштита од дискриминација

Во пресрет на донесувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, како организации[1] коишто здружено работат на надминување на дискриминацијата кон ЛГБТИ-луѓето во нашето општество, би сакале да го изразиме нашето задоволство од новото законско решение.

Конечно, текстот на законот изречно ги содржи сексуалната ориетација и родовиот идентитет како дискриминациски основи, што за нас значи исполнување на едно од основните барања на ЛГБТИ заедницата. Воедно, претставува исполнување на обврските што Република Македонија ги има преземено пред меѓународите и регионалните тела за човекови права, вклучувајќи ја Европската Унија, Совет на Европа и комитетите на Организацијата на Обединетите Нации. Со тоа, државата ќе покаже политичка волја за афирмација на основните човекови права и нивна заштита и промоција.

ЛГБТИ заедницата е една од најмаргинализираните заедници во општеството која често е мета на насилство и дискриминација. Од друга страна, немаме ефикасни механизми за заштита и превенција од дискриминација. Комисијата за заштита од дискриминација, особено со последниот состав е непрофесионално и пристрасно тело кое не ги исполнува ни минималните стандарди за телата за еднаквост. Дури и во очигледни случаи на дискриминација, каде што другите институции и тела за еднаквост утврдиле дискриминација, Комисијата не утврдила. Европската Унија редовно и забележуваше на Република Македонија дека Комисијата е недоволно ефикасна, професионална и независна институција. Од тие причини, новиот закон предвидува формирање на професионализирана и независна комисија за спречување и заштита од дискриминација. Членовите на Комисијата ќе имаат статус на именувани лица кои функцијата ја извршуваат професионално и таа ќе биде неспоива со извршување на друга јавна функција или функција во политичка партија или работно место. Дополнително, критериумите за избор на нејзините членови ќе бидат повисоки во однос на критериумите кои ги предвидува постоечкиот закон и кои овозможија во комисијата да членуваат лица кои воопшто немаат искуство од областа на човековите права, но имаат искуство во ширење на говор на омраза.

Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата ги повикува пратениците од сите политички партии да гласаат за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и заедно да градиме свет на еднаквост и недискриминација.

Скопје 29.6.2018

Лице за контакт: Драгана Дрндаревска 078200675

Росана Јаневска 071464019

[1] Мрежата е основана од Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, ХОПС – Опции за здрав живот, Независна иницијатива „Бори се женски“, СТАР-СТАР- Здружение за заштита и унапредување на правата на маргинализираните професии со особен интерес кон сексуалните работници, „Заедно посилни“ – Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија, Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста- Субверзивен Фронт, Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, ЛГБТИ Центар за поддршка, Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ФРИК- Формација за развој на иницијативи во културата, Еднаквост за геј и лезбејки- ЕГАЛ, МОФ- Малдински Образовен Форум, Тиит. Инц и Студентска организација- Излез



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top