Отфрлање на пресудата на ХИВ-позитивниот ‘Tiger Mandingo’

Отфрлање на пресудата на ХИВ-позитивниот ‘Tiger Mandingo’

Во мај минатата година, Мајкл Џонсон, 23-годишниот, црн, ХИВ-позитивен поранешен спортски борач, беше осуден на 30 години затвор за “невнимателно инфицирање” двајца сексуални партнери и изложување на вирусот на четворица други.

Сега, сепак, Апелациониот суд во Мисури ја поништи пресудата и побара ново судење, откако утврди дека обвинителството свесно затајувало докази со цел “да се добие стратешка предност” над одбраната на Џонсон.

Доказите се состојат од снимки од телефонски повици кои Џонсон ги направил додека се наоѓал во затвор.

“Во првата точка од жалбата, Џонсон тврди дека снимките од неговите телефонски разговори не и’ биле достапни на одбраната се’ до утрото на првиот ден од судскиот процес,” се вели во судските документи. “Џонсон тврди дека објавувањето на снимките било ненавремено и неговото судење е неправедно. Се сложуваме.”

При првото судење Џонсон не се изјаснил за виновен за четири кривични дела за кои бил обвинет и инсистирал на тоа дека ги информирал сите сексуални партнери за својот ХИВ статус пред да се согласат да имаат незаштитен секс со него. Шест од неговите партнери, вклучувајќи двајца кои тврдат дека тој ги заразил со ХИВ – го негираат ова, иако, како што е наведено на BuzzFeed, нивното сведоштво е малку контрадикторно. Бидејќи Мисури е држава во која неинформирањето некого за вашиот ХИВ статус е кривично дело, Џонсон бил соочен со максимална казна од доживотен затвор.

Набрзо по изрекувањето на неговата казна, речиси 100 геј, црни застапници за јавното здравство, медицински професионалци и активисти за квир права напишаа отворено писмо до Џонсон каде го изразуваат своето убедување дека расата на Џонсон е голем фактор во одлуката на претежно белата порота.

“Законите за криминализација на ХИВ неправедно влијаат на Црнците и ги стигматизираат луѓето кои живеат со ХИВ”, се вели во писмото. “Законите за криминализација на ХИВ ги оддалечуваат луѓето кои живеат со ХИВ се’ подалеку од лекување и ги прават напорите за превенција на ХИВ потешки. Како Црни геј мажи, ние сме длабоко погодени од ХИВ; и овие закони ни’ наштетуваат и им причинуваат штета на нашите врски и заедници. ”

Извор