Основачите на движењето Homocore разлутени од линијата на чевли на Gucci ‘Queercore’

Основачите на движењето Homocore разлутени од линијата на чевли на Gucci ‘Queercore’

Gucci Queercore

Веб-сајтот за новата колекција /2017/ на луксузниот бренд за висока мода Gucci содржи изненадувачко тврдење: “Queercore, геј панк движењето од средината на 1980-те го позајмува името на нова колекција на чевли.”

Според веб-сајтот на Gucci, колекцијата на чевли “Queercore” го отсликува “духот на супкултурата.” Цените за чевлите варираат од $1,250 до $2,500 за чевли со кристали. Тоа е прилично скапа супкултура.

Единствениот проблем е што патроните на геј панк движењето биле изненадени кога линијата била најавена, без побарана или дадена дозвола. Уметниците кои ги создадоа Queercore и Homocore зиновите, музиката, и филмовите со напорна работа во заборав и сиромаштија, не се среќни што Gucci ја позајми нивната долгогодишна работа за линија на чевли.

“Queercore не го позајми името’ на Gucci за нивните чевли. Барем јас знам, дека јас го измислив терминот ‘Queercore,’” изјави легендарниот панк режисер и музичар G.B. Jones за LGBTQ Nation. “Го украдоа, просто и едноставно. Тоа е кражба.”

Раѓањето на она што иницијално беше наречено Homocore  датира од врмето на J.D.s, зинот кој Jones прв пат го издаде со режисерот Bruce LaBruce во 1985. Зинот спојуваше популарни cut-and-paste панк естетики со непоколебливо квир, сексуализирана содржина како еротските лезбачки цртежи на Jones во стилот на Tom of Finland. Jones и LaBruce исто така направија Super-8 филмови како The Troublemakers, The Yo-Yo Gang, Slam!, и A Case for the Closet.

Во интервју од 2008 за блогот East Village Boys, Jones изјави “Сакавме навистина да ги закачаме меинстрим геј и лезбејките, а истовремено да ги вознемириме и панкерите, па така го почнавме Queercore движењето.”

Queercore расцвета во супкултура внатре во супкултура, на начин како што сестринското движење Riot Grrrl направи место за жените во хардкор мачо светот на шутки и постојани турнеи, пред да стане панк и на интернет. Им се обраќаше на младите ЛГБТ луѓе кои живеаа како аутсајдери во хомофобично и трансфобично општество, кои истовремено не чувствуваа сродност со бар културата и асимилациските цели на меинстрим геј заедницата.

Значајните Queercore фигури како Vaginal Creme Davis станаа легенди за геј, транс и родово некомформистичката младина од целиот свет. Концертите Homocore Chicago букираа рани Queercore бендови како Pansy Division, Tribe 8, бендот на Jones – Fifth Column, Millions of Dead Cops, Los Crudos, и God is My Co-Pilot. Многу зинови циркулираа во андерграунд сцената: J.D.s ги инспирираа Chainsaw, Outpunk, Holy Titclamps, Homocore, и многу други.

Сцената ја означи валкан, срамен начин да се биде геј. Tribe 8 ја прикажува пејачката Lynn Breedlove како со нож го кастрира стреп-он дилдото кое го носи на сцена (но откако маж од публиката практикува фелацио), и неисчешланите перики на Vaginal Creme Davis беа антитезата на изборот на кралици на RuPaul’s Drag Race.

“Сигурен сум дека ако половина од луѓето кои ги купуваат овие чевли знаеа што всушност претставува Queercore, би ги вратиле назад без размислување,” вели Jones.

Не постои сомнеж дека Queercore беше специфично уметничко движењ создадено од специфична група на луѓе. Во книги како Homocore: The Loud and Raucous Rise of Queer Rock и безбројни написи и академски трудови, корените на движењето се поставени во макотрпни детали.

Па зошто Gucci, чија матична компанија Kering која има 11 милијарди годишни приходи според финансиските извештаи, направи цела линија наречена Queercore без да ги извести Jones и компанија?

“Би си рекле дека со парите со кои ги плаќаат своите, некој од таму би се сетил на нешто оригинално,” вели Jones. “Месечно живеам со помалку од она што би ме чинело да купам еден пар вакви чевли, а го измислив терминот!”

LGBTQ Nation испрати многубројни барања за коментар до канцеларијата на Kering, но не доби никаков одговор.

“Навистина е апсурдно и би сакал да видам тужби до Gucci од секој уметник кој некогаш почувствувал сродство со Queercore,” изјави Chris Freeman од Pansy Division за LGBTQ Nation. “Никој од нас никогаш не направи пари. Најмногу, можев да си ја платам киријата од 300 долари за еднособен стан во Сан Франциско неколку месеци откога се вратив дома после  месеци на турнеја.”

Joanna Brown, која го започна Homocore Chicago со Mark Freitas во 1992, изјави за LGBTQ Nation дека не разбира како чевлите на Gucci се поврзуваат со движење кое “беше дијаметрално спротивно од конзумирезмот” и “активно се спротиставуваше на маркетинг и рекламирање кои таргетираат геј популација.”

Првата година кога Homocore Chicago маршираа на градската парада на гордоста, вели Brown, тие шетаа со рачно насликан транспарент на кој пишуваше “Stonewall беше бунт, а не име на бренд.”

homocore chicago

Атмосферата во културата беше таква што се’ уште владееше неконтролирана хомофобија, но некои делови од геј културата полека стануваа прифатливи за меинстримот. Сепак, вели Brown, “Во 1990 Gucci не би нарекле ниту една од своите линии квир.”

Larry-Bob Roberts, кој го издаваше славниот Queercore зин Holy Titclamps, ја користеше оваа платформа за да им даде глас на непомирливо радикалните, перверзни квирови кои беа избегнувани од страна на геј и лезбејското движење кое е во потрага по прифаќање. Holy Titclamps содржеше анегдоти за фаќањето срамни вошки, добивањето орален секс на Times Square, тиради против San Francisco, и почит за авторката на Scum ManifestoValerie Solanas.

“Queercore движењето отсекогаш беше за создавање на направи-сам квир култура надвор од доменот на корпоративниот свет,” вели Roberts. “Нашето име повикано од богата корпорација е одвратно.”

Огромното богатство на компанијата и апсурдната цена на чевлите наведе некои да прашаат дали Gucci некако ќе и’ возврати на заедницата од која позајми без срам.

Iraya Robles, од Queercore бендот Sta-Prest од 90-те и ко-автор на филмот In Search of Margo-Go на Kathleen Hanna, изјави за LGBTQ Nation дека не е изненадена што Queercore е жртва на корпоративните општи добра, но рече дека е збунувачки што Gucci не побара од ниту еден основач на Queercore да даде свој инпут.

“Екстремно апсурдно е бидејќи толку многу луѓе кои се вклучени во моменталните бранови на Queercore се всушност неверојатно талентирани уметници, дизајнери, направи-сам стилисти, винтиџ колекционери и познавачи на модата,” рече Robles.

Иако е предоцна Gucci да побара дозвола, Jones сугерира дека ако компанијата се интересира за квир движења, би можела да почне со тоа што ќе го искористи корпоративното застапништво за да им помогне на оние кои се случуваат во моментов. Jones посочи дека продавниците на Gucci постојат во неколку земји каде хомосексуалноста е казнива со смрт, како Катар и Саудиска Арабија.

“Што прават тие за да им помогнат на ЛГБТ заедниците на овие места? Им помагаат ли да се борат за своите права?” прашува Jones. “Ова се прашањата кои треба да се постават. Бидејќи продажбата на чевли не помага.”

Извор