Онлајн услуги за абортус – клучна алтернатива за земјите во кои абортусот е нелегален

Онлајн услуги за абортус – клучна алтернатива за земјите во кои абортусот е нелегален

Online usluge pobačaja - ključna alternativa za zemlje u kojima je pobačaj ilegalan
Една нова научна студија објавена минатата недела покажува дека телемедицинските абортуси се многу ефикасни. Студијата ја спроведоа истражувачи/чки од Тексашкиот Универзитет во Остин, Универзитетот Принстон и Универзитетот во Единбург, и се базира на податоци од 1.000 жени во Ирска и Северна Ирска кои ја користеле услугата Жени на веб.
Станува збор за онлајн телемедицинска услуга која на жените во земјите со ограничен пристап до безбеден абортус им нуди пристап до информации и контакти на лекари кои нудат услуги за медицински абортус.

Резултатите од истражувањето се во согласност со зголемените барањата за реформи на рестриктивните закони за абортус.

Услугата Жени на веб ја започна организацијата Women on Waves пред 10 години, со цел да им понуди алтернатива на жените за небезбедните методи за прекинување на раната бременост.

Извештајот базиран на податоци од жени кои ја користеле услугата Жени на веб покажува дека стапката на штетни несакани ефекти од абортус е ниска и дека жените можат навремено да ги идентификуваат потенцијално сериозните компликации и да побараат медицинска помош.
Резултатите од студијата се најдобар доказ за ефикасноста и безбедноста на телемедицинските абортуси и истражувачите велат дека имаат значајни импликации за милиони жени ширум светот.

Речиси една четвртина од населението во светот живее во земји со многу рестриктивни закони за абортус. Се проценува дека на глобално ниво повеќе од 43.000 жени годишно умираат од последиците на небезбедни и нелегални абортуси и милиони жени се соочуваат со компликации предизвикани од овие абортуси.

Многу малку жени се свесни за безбедноста и ефикасноста на медицинскиот абортус кој го нудат онлајн клиниките. Ова е причината зошто овие меѓународни стручњаци, предводени од професор Abigail Aiken од Универзитетот во Тексас, ги анализираат податоците за телемедицинските клиники. Жените ги внесувале податоците четири недели откако со помош на телемедицинските клиники извржиле абортус со употреба на лековите Mifepriston или Misoprostol.

Дури 95% од жените изјавиле успешно извршување на абортус. Седум жени (0,7%) се изјасниле дека морале да примат трансфузија на крв, и 26 жени (2,6%) пријавиле дека како резултат на абортусот морале да пијат антибиотици. Во студијата не е забележан ниту еден смртен случај.

На симптоми кои укажуваат на потреба за медицински надзор се пожалиле 93 жени (9,3%), од кои 87 (95%) побарале медицинска помош. Ниту една од петте жени кои отишле на лекар не ги пријавиле негативните последици од овие симптоми.

Истражувачите укажуваат на некои ограничувања кои би можеле да делуваат пристрасни во студијата и предупредуваат дека нивните резултати можеби не се целосно прецизни. Сепак, клучните предности на студијата вклучуваат голема количина на примероци и висока стапка на следење.

“Резултатите ја покажуваат виталната улога која самоорганизираниот медицински абортус ја има за милиони жени во светот кои живеат во области каде има ограничен пристап до абортус.” заклучуваат научниците.

Стручњаците од Канада предупредуваат дека укинувањето на законските ограничувања ” би претставувало поддршка на најбезбедната и најпристојната медицинска нега за жените во ирските јурисдикции.”

“Додека ова не се обезбеди, за прв пат во историјата, жените од сите општествени класи имаат еднаков пристап до разумни алтернативи: медицински абортус кој лекарите го водат по телемедицински пат”, заклучуваат тие.