Нови протести во Полска заради обидот на фундаменталистите потполно да го забранат абортусот | Коалиција МАРГИНИ

Нови протести во Полска заради обидот на фундаменталистите потполно да го забранат абортусот

Во понеделникот во десетина полски градови се одржаа протести против предлог законот кој би го забранил абортусот дури и во случаи на малформации на плодот.

Полска веќе има еден од најрестриктивните закони во Европа, според кој абортусот е дозволен само ако животот на жената е загрозен, ако бременоста е последица на кривично дело и ако постои голема шанса за неизлечива болест или оштетување на плодот.

Додека Комитетот за социјална политика и семејство разговараше за овој предлог, активистките извикуваа пред парламентот: “Сакаме избор, а не терор!” Комитетот заклучи дека на предлогот – наметнат од ултраконзервативната граѓанска иницијатива предводена од Каја Годек – треба уште да се работи пред да биде ставен на агендата на долниот дом на парламентот.

Одлуката сега да се разгледува овој предлог беше изненадувачка, со оглед на тоа дека Комитетот претходно изјави дека не планира да се бави со оваа тема во блиска иднина. Уште почудно е што Каја Годек ја најави дебатата уште пред истата да биде објавена на официјалната веб-страница на парламентот и пред пратениците да бидат информирани дека темата е ставена на дневен ред.

Опозициската политичарка Џоана Шеринг-Виелгус тврди дека предлогот е наметнат сега за да го сврти вниманието на јавноста од новиот закон со кој ќе се пензионираат 40% од Врховните судии, поради што ЕУ веќе започна санкции против Полска.

Извор

Може ќе ве интересира



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top