Конференција | Промовирање на владеењето на правото

Конференција | Промовирање на владеењето на правото

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коалицијата Маргини во партнерство со Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост ЕСЕ, ве поканува на национална конференција за Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите како една од Целите за одржлив развој на Обединетите нации. Оваа конференција е дел од партнерскиот проект на двете организации: Правно зајакнување на заедниците – заедничка рамка за правно зајакнување и е поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Целите за одржлив развој (SDG’s) претставуваат глобален повик за акција за да се стави крај на екстремната сиромаштија, да се обезбеди одржлива иднина, заштита на животната средина и да се овозможи луѓето да уживаат еднаквост мир и правда.

Коалицијата Маргини и Здружението ЕСЕ долги години работат на обезбедување на правна помош и застапуваат за унапредување на законската рамка за подобрување на пристапот до правдата. Доследната имплементација на Целите за одржлив развој ќе придонесат кон забрзување на овој процес, а за тоа е неопходна посветеност на државата во исполнување на обврските кои произлегуваат од Целите и активно вклучување на граѓанските организации.

Поради ова, ќе ни претствува особено задоволство доколку присуствувате на конференцијата и со вашите искуства, ставови и предлози придонесете кон дебатата за подобрување на имплементацијата на Одржливите цели за развој и подобрување на пристапот до правда за сите.

Конференцијата ќе се одржи на 31.01.2018 година (среда) од 10:30-13:00 часот во Холидеј Ин Скопје.

Агенда:

10:30 – 11:00 Регистрација на учесници и изјави за новинари

11:00 – 11:15 Отворање на конференцијата
(Фани Каранфилова-Пановска, ФООМ; Ирена Цветковиќ, Коалиција Маргини и Јасминка Фришчиќ, ЕСЕ)

11:15 – 12:00 Целите за одржлив развој – мерки и активности кои ги презема РМ како земја членка (модераторка Наташа Бошкова)

– Што претставуваат Целите за одржлив развој;
– Обврските на државата за да се постигне одржлив развој на национално ниво;
– Резултатите кои треба да се постигнат со имплементацијата на Целите за одржлив развој.

Говорници:
– Луиза Винтон, резидентет координатор на Обединетите нации
– Тања Стаменова, Сектор за правни работи при Генерален секретаријат на Влада на РМ
– Сања Зографска Крстевска, Директорат за економска дипломатија на Министерството за надворешни работи
– Снежана Шиповиќ, Одделение за статистички деловен регистар и структурни деловни регистри Државен завод за статистика

12:00 – 13:00 Развојна Цел 16.3 – Обезбедување на еднаков пристап до правдата за сите од страна на здруженијата (модератор Стојан Мишев)

– правните потреби на ранливите групи на граѓани во нивниот пристап до правдата;
– начини на обезбедувањето на правна/параправна помош за решавање на правните проблеми на ранливите групи на граѓани;
– насоки за унапредување на правната заштита.

Говорници:
Христина Василевска Димчевска, ФООМ
Ивица Цековски, асистент за застапување ХОПС
Игор Јадровски, правен советник Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
Мелиса Мемиш, параправничка ИРИЗ
Гоце Коцевски, правен советник ЗМПМ