Ја водиме војната против дрогите веќе еден век. Кој победи?

Ја водиме војната против дрогите веќе еден век. Кој победи?

од Alex Wodak

Додека Rodrigo Duterte ја водеше кампањата за да биде избран за претседател на Филипините минатата година, во неколку прилики изјави дека доколку биде избран ќе организира убиство на луѓето кои продаваат или употребуваат дроги. Вонсудските убиства започнаа пред неговата инаугурација, најчесто исценирани на тој начин што покрај телата на застреланите беа оставани пиштоли и дрога, да изгледа дека убијците реагирале во самоодбрана. Апликацијата од 77 страни, поднесена минатиот месец од страна на адвокатот Jude Sabio – во која се бара од Меѓународниот кривичен суд да отпочне прелиминарна истрага – проценува дека најмалку 9400 луѓе се веќе убиени од страна на полицијата и одмаздниците. Според Sabio, најголемиот дел од жртвите се “сиромашни млади мажи, но исто така и случајни минувачи, деца и политички противници”. Убиствата накратко беа прекинати во јануари, откако полицијата уби еден јужнокорејски бизнисмен, но повторно отпочнаа.

Владите во многу земји извршуваат вонсудски убиства, скоро секогаш за причини од воена или национална безбедност и ретко таргетираат луѓе кои користат или продаваат дроги. Исклучок е случувањето во Тајланд во 2003 година, кога Thaksin Shinawatra беше премиер, и приближно 3000 луѓе обвинети за употреба или продажба на дроги беа убиени без правен процес. Повеќе од една декада подоцна, во рамките на сегашната власт на воената хунта, правната и воената елита полека прави реформа на законите за дроги. Болните сеќавања на вонсудските убиства од 2003-та се главен фактор во реформата на законот за дроги која во моментов се случува во Тајланд.

Досега, со исклучок на пофалбите од претседателот на САД, Donald Trump, има цврста меѓународна осуда за вонсудските убиства на Филипините, вклучително и од Amnesty International и Human Rights Watch. Советот за човекови права на ОН изгласа 45-1 за повикот до Филипините да престанат.

Додека вонсудските убиства добија меѓународно внимание, екстремизмот на другите политики на дроги на Duterte – мерки кои вклучуваат повторно воспоставување на смртната казна за престапниците со дроги, намалувањето на возраста за кривична одговорност дури на 10 години, и задолжително тестирање за дроги во училиштата и работните места – се игнорираат во голема мера.

За креаторите на политики неприфатлив е фактот дека вонсудските убиства на корисниците на дроги никогаш не би се случиле без одобрение од глобалната забрана за дроги, систем кој започна со меѓународната средба свикана од САД во Шангај во 1909 година. Серија на вакви средби кулминираше со три меѓународни договори за дроги (во 1961, 1971 и 1988) одобрени од речиси сите нации. Претседателот на САД Ричард Никсон, во 1971 го интензивираше она што тој го нарече ‘војна на дрогите’ за да му помогне во неговото повторно избирање за претседател во 1972 година, без оглед на непопуларната Виетнамска војна.

Глобална забрана дрога се очекуваше да го намали меѓународниот пазар на дроги и да го направи помалку опасен. Но се случи сосема спротивното. Наместо тоа, производството и потрошувачката на дроги, како што се хероинот и кокаинот се зголемија и нивната цена се намали за 80% во период од четвртина век. Повеќе од 100 нови психоактивни дроги се идентификувани во рамките на ЕУ секоја година, некои од нив многу поопасни од постарите дроги.

Забраната на дроги требаше да ги заштити и здравјето и благосостојбата на многу заедници. Но, смртните случаи поврзани со дрога, болестите, насилството и корупцијата во многу места се зголемија наместо да се намалат. Во Австралија, каде што поминав три децении обезбедувајќи алкохол и третмани за дроги и застапувајќи ги јавното здравство и човековите права, а со седиште во една болница во Сиднеј, стапката на смртни случаи од предозирање со хероин се зголеми 55-пати помеѓу 1964 и 1997 година.

 

Duterte with a list of officials he says are involved in illegal drugs

Во повеќето западни земји, криминалот со сопственост – земањето пари или имот без закана – драстично се зголеми од 1960-тите до денешен ден. Забраната на дроги не е единствениот фактор, но секако е значаен. Бројот на убиства, исто така, се зголеми во многу земји, и тоа исто така е поврзано со забраната на дроги и пазарот кој се создава за организиран криминал.

Но ефектите за земјите производители и земјите трговци како Мексико се далеку полоши од оние во богатите земји. Кога Фелипе Калдерон стана претседател на Мексико во 2006 година, тој прогласи “војна против дрогата“. До моментот кога тој ја напушти функцијата, за тие шест години, трговците со дрога, војската и полицијата убија најмалку 80.000 Мексиканци. Во некои земји забраната за дроги ја поттикна корупцијата во полицијата, судовите и во највисоките нивоа на власта. Земјите со големо производство на дрога или транзитните земји – како што се Авганистан, Пакистан, Мјанмар, Боливија, Перу, Колумбија и Мексико – ризикуваа да станат нестабилни пропаднати држави, дури и претставуваа закана за националната безбедност на некои други земји.

Не станува збор за тоа дека светот не ја спроведува војната против дрогата на вистински начин. Војната против дрогите секогаш ќе пропаѓа. Кога корективните власти не можат да ја задржат дрогата надвор од затворите, како можеме да очекуваме дрогите да останат надвор од градовите? Кога 1 кг хероин или кокаин ќе се помножи во цена неколку стотици пати од неговата земја на потекло до градот дестинација, како можеме да го спречиме да се транспортира? Кога трговците со дрога имаат подобри ресурси од полицијата, како можеме да очекуваме нашите власти да престанат со трговија на дроги?

Во изминатите неколку години, поранешните светски лидери – па дури и некои на функција – почнаа да повикуваат за реформи на законите за дроги. Суштинските елементи се јасни. Прво, дрогите треба за се редефинираат примарно како здравствено и социјално прашање. Второ, треба да се подобри третманот. Трето, треба да се намалат, а каде што е возможно и да се елиминираат санкциите за употреба и поседување на дроги. Четврто, треба да се регулира пазарот на дроги, почнувајќи со рекреативниот канабис. И петто, треба да се намали екстремната сиромаштија, која ги влошува проблемите со дрогите.

 

Shoppers browse legal recreational marijuana sales in Portland, Oregon.
Во земјите каде се имплементираат барем некои од овие мерки се забележува намалување на смртноста, болестите, криминалот и насилството. Во Швајцарија, нелегалните апсења за дрога паднаа во 1990 година, укажувајќи на тоа дека црниот пазар на дрога е стеснет. Како и Швајцарија, така и Холандија во 1970-тите и Португалија во 2001 година имаа придобивки од редефинирањето на дрогите првенствено како здравствен проблем. Сега, некои земји почнуваат да прават обид за регулација на делови од пазарот на дроги. Осум држави во САД, кои опфаќаат 20% од населението одобрија оданочување и регулирање на рекреативниот канабис. Уругвај беше првата земја која го регулираше рекреативниот канабис. Во јули 2018 година, Канада треба да стане првата земја членка на Г7 која ќе го стори тоа. Јасно е дека глобалната забрана на дроги почнува да се распаѓа.

Но, постои значителен ризик дека кампањата на вонсудски убиства на Duterte и недостатокот на сериозна меѓународна реакција може да ги охрабри другите земји да го следат неговиот пример. Duterte, кој прогласи вонредна состојба во делови на Филипините минатата недела, по вооружените борби меѓу безбедносните сили и Исламската држава, неодамна беше цитиран како вели: “Хитлер масакрираше 3 милиони Евреи. Сега, постојат 3 милиони зависници од дрога. Јас би бил среќен да ги убијам”. Хитлер го забележа недостигот на меѓународна реакција за геноцидот врз 1,5 милиони Ерменци од Отоманската власт во периодот помеѓу 1915 и 1917 година, што го охрабри да продолжи со холокаустот на шест милиони Евреи, Роми и хомосексуалци. Би било иронично и трагично ако вонсудските убиства на луѓе кои користат дроги почнат да се шират кога меѓународниот систем за контрола на дрогата започна да се урива.

Не се потребни вонсудските убиства на Филипините во 2017 година за светот да сфати дека глобалната забрана за дроги е скап начин на влошување на веќе лошиот проблем. Кога Михаил Горбачов во 1980 година сфати дека комунизмот во СССР не успеа, тој повика на glasnost (отвореност) и perestroika (реструктуирање). Сега ни треба поголема отвореност кон политиките за дроги, заедно со голема реконструкција на нашиот одговор за дрогите. Единствените победници досега беа трговците со дрога и многу политичари кои сметаа дека лошите политики направија добра политика. Колку повеќе се одложува промената, транзицијата ќе биде уште потешка.

Извор