Иницијатива #КонтраБулинг

 

КонтраБулинг е иницијатива преку која се отвора дијалог за една многу честа појава за која ретко се зборува јавно. Малтретирање, задевање, нарекување врсници со погрдни имиња па дури и физички пресметки, за жал за некои млади луѓе се секојдневие. Не ретко, основа на мотивот за булинг е родовата припадност и сексуалната ориентација кај младите. Поради ова голем број на ученици во основно, средно па и студенти, се соочуваат со низа проблеми кои вклучуваат психичко и физичко насилство, но во голема мера и кибер булинг (Cyber bulling).

Иницијативата КонтраБулинг ја спроведоа ученици од три средни училишта од Скопје, СУГС Гимназија Орце Николов, СУГС Гимназија Никола Карев и СЕПУГС Васил Антевски Дрен. Една од идеите на учениците беше да се испита состојбата во училиштата во врска со родово-заснованото насилство кај своите соученици и тоа 333 на број испитаници, од сите три средни училишта спомнати погоре. Учениците добија важни информации за тоа дали се препознава овој вид на насилство, дали учениците биле жртви, или пак дали и самите тие малтретирале, задевале свои соученици. Резултатите покажуваат дека во изминатите неколку месеци ученичките/ците во најголем процент биле жртва на вербално насилство од своите врснички/ци во форма на озборување, исмевање врз основа на родовата припадност, игнорирање заради физичкиот изглед, но и жртва на физичко насилство во форма на сексуални гестови, како и удирање и клоцање заради родовата перформативност.

Друга група имаше идеја да се изготват видеа, кои ќе имаат за цел да ја подигнат свеста кај своите врсници за стопирање на малтретирањето во школите.

Со финансиска помош од Проект на УСАИД за инклузија на ЛГБТИ заедницата, Коалицијата МАРГИНИ заедно со партнерите ЛГБТИ Центарот за поддршка, ЛГБТ Јунајтед – Тетово и учениците од овие три училишта се активираа за да пренесат силна порака, контра булингот
На следниот [линк] погледнете ја и галеријата од настанот на кој беа промовирани резултатите и видеата од иницијативата.

Може ќе ве интересира



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top