Иднината е меѓу твоите нозе

Иднината е меѓу твоите нозе

14699490_10153815762856927_576620338_o

ИДНИНАТА Е МЕЃУ ТВОИТЕ НОЗЕ – Сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видео во Југославија

Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ има огромно задоволство да ве покани на фестивалот кој се посветува на сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видеото во екс Југославија.

За разлика од националистички ориентираната историографија на ревизионизам, и нејзиното неправедно хомогенизирање на комплексноста на југословенското наследство под капата на “титоистичкиот тоталитаризам“, во овие неколку дена сакаме да и пристапиме на историјата на сексуалноста во Југославија одново преку посуптилен, внимателен, и историски сензитивен пристап.

Ваквиот пристап ги зема предвид и нагласено либералните пристапи кон сексуалноста во Југославија, вклучително со јавно достапните еротски списанија, но и истрајноста на патријархалната, хетеронормативна и родово бинарна имагинација за сексуалноста. Уште поважно, ваквиот пристап треба да ги земе особено предвид критичките гласови од културните и интелектуалните кругови и маргини, кои во сексуалноста гледаат извориште за еден нов, социјалистички, хуманизам, како и субкултурните практики на трансгресија и игра со обсцените и комплексни испреплетувања на политиката, моќта, социјалната динамика и желбата. Сличен пристап бара и историскиот наратив за родот во социјалистичка Југославија. Југословенската идеологија на еднаквост и социјална правда претставуваше декларативен принцип кој требаше да ги разреши прашањата поврзани со родовата нееднаквост. Сепак, патријархалниот наратив ќе остане длабоко вкоренет во секојдневието на социјалистичкиот живот, оперирајќи, повеќе или помалку, на прикриен начин.

Целта на фестивалот е да го донесе во преден план значењето за колективната меморија што го имаат различните форми на сексуална и родова имагинација и отпор во културната продукција во рамки на алтернативниот филм, видеото и субкултурните практики во Југославија.

Отворајќи ги спецификите на оваа продукција, сакаме да размислуваме и разговараме за можностите што различните критички и еманципаторски имагинации за сексуалноста, родот и телесноста во Југословенската културна продукција од маргините ги отвора за нашето современо обмислување на родовата и квир критика и отпор. Имено, истражувајќи ги утопиите што фемистичките, квир и критичките алтернативни и супкултурни уметнички практики во Југославија ги раздипливуваат, сакаме да го мобилизираме перформативното дејствие на минатотот, а со цел да погледнеме оттаде затворот на нашата сегашност и нашите борби и имагинација за отпор и еднаквост.

Програма:

21.10 (Петок)

20:00 (Кино Фросина)
Должината не е важна – Хрватскиот алтернативен филм 1964-1989
Селектор: Жељко Лукетич
Филмови:
-Семеен филм 1 и 2 (Томислав Готовац )
-Дождовно-невина сабота (Лордан Зафранович)
-Струење (Хрвоје Туркович)
-Ин континуо и Еквилибриум ( Мирослав Микулјан)
-Адам и Љубовно искуство (Дасен Штамбук)
-Обнова (Невен Корда)
-Девојки (Јасна Месарич)
-Втор кат, Подрум (Иван Салај)

* За оваа селекција нема да биде дозволен влез за лица под 18 години

22.10 (Сабота)

13:00 (Кино Култура)
Без гордост 2013: Репрезентација на квир идентитетите во Источноевропската уметност и култури
Предавање на Саша Кесиќ (Белград)

19:30 (Кино Фросина)
“Иднината се наоѓа меѓу вашите нозе се до војната, потоа сѐ уште ќе остане таму…“
Марина Гржинич ги претставува видео делата на Марина Гржинич и Аина Шмид

Видеа:
– Икони на гламурот, Одеци на смртта
– Заканата на иднината
– Синди Шерман или Хистерија продукција ви претставува Реконструкција на фотографиите на Шерман
-Биолокација
-Лавиринт
-Луна 10
– Апатија, СИДА и Антарктик

* Проекциите ќе бидат следени со дискусија на тема “Непослушни тела: Сексуалноста, родот, класата и утопијата во (екс)Југославија“
Учесници: Гена Теодосиевска (Мкд), Марина Гржиниќ (Словенија), Адела Јушиќ (БиХ), Саша кесиќ (Србија).

23.10 (недела)

18:00 ( Кино Култура)
“Секс, брак и репродукција: Создавањето на идеалната југословенска жена“ – Предавање на Адела Јушиќ (Босна и Херцеговина)

22:00 (Концепт 37)
DJ сет на Виолета Качакова и видео проекции на видеа од Borghesia