Холандскиот фотограф кој ги инспирираше Goldin и Tillmans

Холандскиот фотограф кој ги инспирираше Goldin и Tillmans

Кој? Ed van der Elsken беше романтичар, авто-биограф и документарист, опседнат со младите, протестите, сексуалноста и субкултурите на улиците во Европа. Неговите лабави, искрени и случајни слики се особено релевантни и денес, во свет во кој секојдневното документирање е како втора природа. Исто како што, за многумина, смартфонот стана продолжеток на нивните тела, Van der Elsken еднаш рече дека тој би “сакал трансплантација на камера во неговата глава за трајно да го сними светот околу него”. Како што пишува Colin van Heezik во каталогот за новата изложба Camera in Love, Van der Elsken “ја навести нашата култура на слики”.

Роден во Амстердам во 1925 година, Van der Elsken работел како кинооператор пред да почне да се бави со фотографија, и скршеното срце од неуспешната веридба го испратило да лута кон Париз. Токму во престолнината на Франција, тој почнал да работи во Magnum Photos во 1950 година и ох, какво време беше тоа! Отворена само една година претходно, тоа беше првата агенција каде фотографите можеа да ја задржат сопственоста на нивните слики. Овде, Van der Elsken работел во темните соби на Henri Cartier-Bresson и Robert Capa пред да ја запознае својата прва сопруга, унгарската фотографка Ata Kandó и да се пресели на левиот брег каде почнал да ги фотографира боемите на улиците на Париз.

Што? Ed van der Elsken имал три жени во текот на својот живот, од кои секоја влијаела и се појавувала во неговата работа. Edward Steichen, кураторот на фотографија во МоМА го охрабрил van der Elsken да ги претвори интимните портрети на неговата врска со Ata Kandó во фиктивна фото-новела, Love on the Left Bank – неговата прва публикација. Фотографката Nan Goldin пишуваше за сродната душа која ја нашла во интимните авто-портрети на Van der Elsken. “Како и Ed, се впишував себеси како љубовник. Понекогаш, опсесијата траеше со години. Тоа беше фотографија како сублимација на секс, средство за заведување, и начин да се остане клучен дел од животите на моите субјекти. Шанса да се допре некој со камера, а не физички. Оваа идеја – да се биде опседнат со некого, и преку фотографија да ја претвориш таа личност во икона – беше оној сегмент од неговото дело што одекна во мене”

Фотографот сликаше разновидни теми: големата поплава во Холандија од 1953 година, рокенрол начинот на живот на битниксите од Германија (Halbstarken), холандските протести за време на советската инвазија на Унгарија, протестите во Јапонија против виетнамската окупација , уличниот стил во Токио и колежот на слонови во Централна Африка. Неговата леќа не знаеше за хиерархија – всушност, тој имаше за цел да ја овековечи разновидноста на човештвото: сите возрасти, сексуалности, раси, животни патишта, “мојот народ”, ги нарекуваше. Но интимноста која тој ја овековечи со секоја од неговите три сопруги претставува огледало на неговото целокупно творештво и неговата срж, моќ да емитува речиси животинска емоција од речиси секоја ситуација.

 

Зошто? Со отварањето на најголемата ретроспективна изложба на делата на Ed van der Elsken овој месец, во амстердамскиот музеј Stedelijk, прекрасниот придружен каталог Camera in Love (Prestel) излегува во продажба. Како што Goldin вели во својот есеј, “Ed не го доби во целост вниманието кое го заслужува” – оваа нова книга ја претставува идејата дека можеби сега, дојде времето на фотографот. Додека неговите слики резонираат со нашата современа култура на слики, посебното внимание на Van der Elsken за славење на разновидноста и посебноста на луѓето – да не ги спомнуваме нивните тенденции за бунтовништво и протест – оддава чувство на поголема релевантност од неговата љубов кон селфи.

Camera in Love е во продажба сега, како издание на Prestel.

 

Извор