Гласови на пациенти: СИДА и Х.И.В.

Гласови на пациенти: СИДА и Х.И.В.

Од KAREN BARROW

Во светот живеат над 36 милиони луѓе кои живеат со ХИВ или СИДА. Како е да се живее со оваа инфекција во денешно време? Дали подобрените третмани го имаат променето исходот на некој кој живее со ХИВ? Дали сѐ уште постои стигмата поврзана со СИДА? Пет мажи и жени зборуваат за нивните искуства.

Дали вие или некој што го познавате имаат СИДА или ХИВ? Кажете ни за тоа како се справувате со вашата состојба.

Негирањето отвара пат за делување

Кали Линдзи, 28, Вашингтон, Д.Ц.

Како млад човек од Детроит, Кали Линдзи верувал дека не е изложен на ризик од ХИВ инфекција. Тој никогаш не користел дрога и имал само двајца сексуални партнери, на кои им верувал. По борбата со херпес и вирусен менингитис – невообичаено за здрав млад човек – г-дин Линдзи бил тестиран за ХИВ.

Резултатот бил позитивен, но г-дин Линдзи не му соопштил на своето семејството и пријателите за дијагнозата веднаш, стравувајќи дека ќе бидат разочарани од него.

Откако се соочил со реалноста на СИДА-та во заедницат во Детроит, г-дин Линдзи одлучил да работи за да го спречи ширењето на ХИВ и СИДА. Тој се преселил во Вашингтон и нашол работа во Националната асоцијација на луѓе со СИДА, позната како Napwa. Како потпретседател за прашања од сојузната влада во Napwa, г-дин Линдзи работи на промовирање на поголем пристап до здравствена заштита за сиромашните и создавање програми за превенција, како размена на игли, во заедниците со висок ризик.

Децениска битка

Мајрон Голд, 67, Менхетн

Во 1993 година Мајрон Голд се струполил на улица во Менхетен. Во салата за итни случаи, му било кажано дека има агресивна форма на ХИВ инфекција.

Како активист за правата на хомосексуалците и СИДА, г-дин Голд не бил преплашен од дијагнозата, и веднаш добил третман со лекот азидотимидин.

Во 1995 година, г-дин Голд се префрлил на понови, поефикасни лекови наречени протеазни инхибитори. Но лековите веќе не се толку ефикасни како што некогаш биле, а неговиот имунолошки систем се влошува.

Г-дин Голд зборува со владини претставници и ја едуцира јавноста за порастот на ХИВ инфекции кај постарите лица и проблемите со кои се соочува оваа популација. Како сведок на подемот на ХИВ инфекции во оваа земја, г-дин Голд стравува дека младите не ја разбираат сериозноста на дијагностицирањето на СИДА и како тоа може да влијае на сите делови од животот.

Крвни врски: приказна на ќерката

Рејвен Лопез, 18, Бруклин

Рејвен Лопез, средношколка, се здобила со ХИВ при раѓање од нејзината мајка, која не знаела дека е заразена.

Денес, г-ѓа Лопез и нејзината мајка, Мишел, зборуваат отворено за прашањата околу ХИВ, вклучувајќи ја и стигмата поврзана со вирусот.

Г-ѓа Лопез се надева дека ќе биде учителка за посебна настава, но тешко се справила со своите школски години. Таа се соочувала со потсмев од врсниците, како и неколку наставници, од кои еден не и дозволил да појде на школското патување или да оди во ист тоалет со своите соученици.

Г-ѓа Лопез не ја обвинува мајка си за нејзиниот ХИВ статус. Наместо тоа, таа се надева дека може да им покаже на тинејџерите дека ХИВ може да му се случи на секого и да ги едуцира за ризиците од незаштитен секс.

Крвни врски: приказна на мајката

Мишел Лопез, 41, Бруклин

Пред осумнаесет години, Мишел Лопез, активистка за СИДА, излегла од насилна врска и со својата ќерка побарала помош од Здравствената мрежа на заедницата. Таму, таа открила дека е инфицирана со ХИВ. Г-ѓа Лопез сфатила дека се стекнала со ХИВ од таткото на нејзината ќерка Рејвен, дури откако се открило дека и Рејвен го има вирусот.

Низ годините, г-ѓа Лопез имала пневмонија и орална влакнеста леукоплакија, вообичаени последици на ХИВ инфекцијата.

Г-ѓа Лопез е релативно здрава во изминатата деценија, и таа работи да едуцира другите жени за важноста на превенцијата и тестирањето за Х.И.В.

Градење толеранција

Дидра Лосон-Смит, 46, Колумбија, С.Ц.

Г-ѓа Лосон-Смит се преселила во Јужна Каролина од Њујорк пред две години да работи за Project F.A.I.T.H., организација која работи да ја едуцира јавноста за ХИВ и СИДА.

Г-ѓа Лосон-Смит открила дека стигмата за ХИВ е многу поприсутна на југот отколку во Њујорк. Во надеж за зголемување на толеранцијата, Project F.A.I.T.H. снабдува грантови за цркви за ХИВ образовни програми.

Г-ѓа Лосон-Смит се надева дека нејзината работа ќе помогне да се едуцираат другите мажи и жени за нивните ризици за стекнување на ХИВ и ќе обезбеди поголема поддршка за луѓето кои живеат со вирусот.

Извор