Геј револуционерот

Во февруари 1987 година се појави сатиричниот напис на Michael Swift во њујоршкиот весник Gay Community News со наслов “Геј револуционерот” во кој се опишува сценарио во кое хомосексуалните мажи доминираат во американското општество и ги потиснуваат сите хетеросексуални нешта .

Оттогаш, радикалната религиозна десница постојано ја спомнуваше статијата нарекувајќи ја “Геј манифест”, што всушност не е. Оригиналниот “Геј манифест” напишан од Carl Witman е важен дел од историјата на ЛГБТ и е напишан во 1970 година.

Сатиричниот напис “Геј револуционерот” го користеа бројни групи на омраза кон ЛГБТ низ годините како “доказ” за “геј агендата” и нивниот злобен заговор за преземање на Америка.

Но, кога религиозната десница го цитира текстот на Swifts, тие секогаш ја испуштаат клучната прва реченица, (слично на она што го прават со селективните докази од Библијата), која го поставува контекстот на статијата. Секоја верзија на написот на Swift која е на интернет, на која се повикува анти-геј религиозната десница, ја пропушта првата реченица што го прави дел од најголемата лага за геј луѓето од 1987 година.

Реченицата гласи:

“Овој есеј е сатира, лудило, трагична, сурова фантазија, ерупција на внатрешниот гнев, за тоа како угнетените очајнички сонуваат да бидат угнетувачи”.

За нештата да станат појасни, без одолговлекување ви ја претставуваме сатиричната статија на Micheal Swifts од 1987 “Геј револуционерот” во целост.

“Геј револуционерот”  – за прв пат објавена во Gay Community News, 15-21 февруари, 1987

Овој есеј е сатира, лудило, трагична, сурова фантазија, ерупција на внатрешниот гнев, за тоа како угнетените очајнички сонуваат да бидат угнетувачи.

Ќе ги содемизираме вашите синови, симболите на вашата млитава машкост, на вашите плитки соништа и вулгарни лаги. Ќе ги заведеме во вашите училишта, во вашите студентски домови, во гимназиите, во соблекувалните, во вашите спортски сали, во вашите богословски училишта, во младинските групи, во тоалетите на вашите кино сали, во вашите армиски бункери, на постојките за камиони, во вашите машки клубови, во вашите куќи на Конгресот, секаде каде што мажите се заедно со мажи. Вашите синови ќе станат наши потрчковци и ќе ги извршуваат нашите заповеди. Тие ќе бидат пресликани во нашиот имиџ. Ќе не’ обожаваат и ќе копнеат по нас.

Жени, вие плачете за слобода. Велите дека веќе не сте задоволни со мажите; тие ве прават несреќни. Тогаш ние, познавачите на машкото лице и машкото тело, ќе ви ги одземеме вашите мажи. Ќе ги занимаваме; ќе ги поучуваме; ние ќе ги прегрнеме кога ќе плачат. Жени, велите дека сакате да живеете едни со други, наместо со мажи. Тогаш одете и бидете една со друга. Ние ќе им пружиме задоволства на вашите мажи за кои никогаш не биле свесни, зошто пред се’ и ние сме мажи, и само еден маж знае како навистина да задоволи друг маж; само еден маж може да ја разбере длабочината и чувството, умот и телото на друг маж.

Сите закони кои ја забрануваат хомосексуалната активност ќе бидат отповикани. Наместо тоа, ќе се донесе закон со кој ќе се поттикне љубов меѓу мажите.

Сите хомосексуалци мора да застанат заедно како браќа; мораме да бидеме обединети уметнички, филозофски, општествено, политички и финансиски. Ќе триумфираме само кога ќе му го покажеме заедничкото лице на насилниот хетеросексуален непријател.

Ако се осмелите да не’ понижите и да ни’ речете педер, самовила, квир, ќе ве прободеме во вашите кукавички срца и ќе ги осквернавиме вашите мртви, бедни тела.

Ќе пишуваме песни за љубовта меѓу мажи; на сцената ќе поставуваме драми во кои еден маж отворено милува друг маж; ќе правиме филмови за љубовта меѓу мажите херои кои ќе ги заменат ефтините, површни, сентиментални, непотребни, незрели, хетеросексуални вљубувања кои во моментов доминираат на кино-екраните. Ќе вајаме скулптури на убави млади мажи, на смели спортисти кои ќе бидат поставени во вашите паркови и плоштади. Светските музеи ќе бидат исполнети само со слики на згодни, голи момци.

Нашите писатели и уметници ќе направат љубовта помеѓу мажи да биде модерна, и ќе успееме во тоа затоа што сме вешти во поставувањето на стилови. Ќе ги елиминираме хетеросексуалните врски преку апаратите на остроумноста и потсмевот, нешта во кои сме вешти.

Ќе ги разобличиме моќните хомосексуалци кои се маскираат како хетеросексуалци. Ќе бидете шокирани и уплашени кога ќе видите дека вашите претседатели и нивните синови, вашите индустријалци, вашите сенатори, вашите градоначалници, генерали, вашите спортисти, вашите филмски ѕвезди, телевизиските личности, вашите граѓански лидери, вашите свештеници не се безбедни, вообичаени, буржоаски, хетеросексуални ликови какви што претпоставувате дека се. Ние сме насекаде; се инфилтрираме во вашите редови. Бидете внимателни кога зборувате за хомосексуалците затоа што секогаш сме меѓу вас; ние можеби седиме на бирото спроти вас; ние можеби спиеме во истиот кревет со вас.

Нема да има компромиси. Ние не сме слабаци од средната класа. Високо-интелигентни, ние сме природните аристократи на човечката раса, а аристократите со непоколебливи умови никогаш не се задоволни со ништо помалку. Оние кои ќе ни ‘ се противат ќе бидат прогонети.

Ќе подигнеме огромни приватни војски, како што направи Мишима, за да ве поразиме. Ќе го освоиме светот бидејќи воините инспирирани и обединети од хомосексуалната љубов и чест се непобедливи како и древните грчки војници.

Семејната единица – мешавина на лаги, предавства, просечност, хипокризија и насилство – ќе биде укината. Семејната единица, која само ја потиснува имагинацијата и ја ограничува слободната волја, мора да се елиминира. Ќе се зачнат и одгледуваат совршени момчиња во генетските лаборатории. Во амбиент на заедница, тие ќе се држат заедно, под контрола и инструкции на хомосексуалните научници.

Сите цркви што нè осудуваат ќе бидат затворени. Нашите единствени богови се згодни млади мажи. Ние се придржуваме до култот на убавината, моралот и естетиката. Сето она што е грдо, вулгарно и банално, ќе биде уништено. Бидејќи сме оттуѓени од хетеросексуалните конвенции на средната класа, слободни сме да живееме според диктатите на чистата имагинација. За нас премногу не е доволно.

Исклучителното општество кое ќе се појави ќе биде управувано од елита составена од геј поети. Едно од главните барања за позиција на моќ во новото општество на хомоеротицизам ќе биде уживањето во грчката страст. На секој маж контаминиран со хетеросексуална страст автоматски ќе му биде забранета секоја влијателна позиција. Сите мажи кои инсистираат да останат глупаво хетеросексуални, ќе бидат судени во хомосексуалните судови на правдата и ќе станат невидливи мажи.

Ќе ја напишеме историјата одново, историја исполнета и деградирана со вашите хетеросексуални лаги и извртувања. Ќе ја прикажеме хомосексуалноста на големите лидери и мислители кои го обликуваа светот. Ќе покажеме дека хомосексуалноста, интелигенцијата и имагинацијата се неразделно поврзани и дека хомосексуалноста е услов за вистинско благородништво, вистинска убавина кај еден човек.

Ќе победиме, бидејќи ние сме разгорени со жестоката горчина на угнетуваните, кои биле принудени да играат навидум мали улоги во вашите неми, хетеросексуални шоуа во текот на вековите. И ние сме способни да пукаме со оружје и да ги браниме барикадите на револуцијата.

Треси се, хетеро свињо, кога ќе се појавиме пред тебе без нашите маски.

Извор



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top