Друштвена игра FIERCE WOMEN

Друштвена игра FIERCE WOMEN

 

Fierce Women е забавна, едукативна и динамична друштвена игра која ги запознава играчите со силни жени кои со своите достигнувања дале исклучителен придонес за општеството во областа на културата, политиката, науката, човековите права и уметноста.

Едукативната друштвена игра Fierce Women на забавен начин го „спушта“ прашањето за родова рамноправност од ниво на политички излитени фрази во секојдневниот живот, и воедно на жените, девојките и девојчињата им ги воочува достигнувањата на жените кои можат да бидат инспирација во нивниот професионален живот и школувањето.

Друштвената игра Fierce Women ја создаде здружението Простор за родова и медиумска култура „К-зона“, најпознато по независниот медиум VoxFeminae.net и фестивалот Vox Feminae, преку кои веќе 12 години делува во полето на промовирање идеи и достигнувања на поединци/ки и иницијативи во областа на родовата рамноправност, социјална правда и независна култура. Во последните 16 месеци тие работеа на илустрациите, правилата, дизајнот и неодамна го тестираа прототипот на оваа друштвена игра која ги воодушеви сите кои ја видоа и заиграа.

Со цел да ја споделат своевидната круна на нивното долгогодишно работење со што повеќе луѓе во насока на едукација, инспирација и забава, тие ја започнуваат crowdfunding кампањата FIERCE WOMEN – “ALL THE RIGHT CARDS”, чија цел е да се изработат 1.000 парчиња од играта и истата да се дистрибуира ширум светот.


Уметност на секоја карта, инспирација при секој потег

Името на играта доаѓа од истоимената рубрика на порталот VoxFeminae.net, која е позната како една од најпопуларните, а чии едукативни текстови ги истакнуваат жените кои го задолжија светот преку своите активности. Вирџинија Вулф напиша “For most of history, Anonymous was a woman”, а вистинитоста на овие зборови се потврдува секој пат кога ќе запрашате некого да наведе 5 физичарки, режисерки или филозофки. Целта на друштвената игра Fierce Women е токму тоа – да ги разбие родовите стереотипи и предрасуди за способностите, интересите и постигнувањата на жените и да ја направи видлива нивната работа преку зајакнување на новите генерации силни жени.

Играта е реализирана во соработка со осум хрватски илустраторки (Сања Стојковиќ, Рина Барбариќ, Теа Шокац, Жељка Ткалчец, Ана Ковачиќ, Ивана Штрукељ, Бранка Холингсворт и Наташа Рашовиќ) и писателот и програмер Желимир Периш.

Играта се состои од 56 карти на кои се илустрирани портретите и кратките биографии на силни жени кои дале исклучителен придонес за развој на општеството во областа на науката, културата, политиката, уметноста и човековите права, како и 8 дополнителни акциски карти кои по пореба и’ даваат дополнителна комплексност на играта. Во круг на семејството или пријателите, може да играат 2-5 играчи. Правилата на играта се многу едноставни, па така Fierce Women може да ја играат и најмладите, од 5-годишна возраст па нагоре. Заради едукативната компонента и прилагодливоста на сите возрасти, играта може да се користи и во настава или на работилници.

Fierce Women е општествено ангажирана игра посветена на жените и нуди пополнување на слободното време на смислен начин преку знаење, инспирација, еманципација, дружење и забава. Играта истовремено е и првиот производ на социјалното претпријатие кое во соработка со уметници, активистки, теоретичарки и научнички, како и иницијативи од целиот свет ќе развива нови производи со кои ќе се подигне свеста на општеството за родовата еднаквост и ќе се поттикнува претприемништвото и културно-уметничкото творештво на жените.

Може да се вклучите во кампањата со донации преку платформата Indiegogo, и така да си обезбедите награда, како и со ширење на веста за кампањата.

Следете ја капмањата на:

https://www.facebook.com/FierceWomenCardGame/
https://www.instagram.com/fierce_women_/

Извор