Доналд Трамп го направи првиот чекор против ЛГБТ заедницата

Доналд Трамп го направи првиот чекор против ЛГБТ заедницата

Администрацијата на Доналд Трамп тукушто направи голем чекор кон ограничување на правата на трансродовите студенти.

Минатото лето, судијата Рид Оконор од Федералниот окружен суд од Северниот округ на Тексас издаде наредба која блокираше одредени насоки спроведени од администрацијата на Обама. Овие насоки имаа за цел да ги заштитат трансродовите студенти, обезбедувајќи им пристап до тоалети и соблекувални кои соодветствуваат со нивниот родов идентитет. Администрацијата на Обама нагласи дека според Title IX студентите не смее да бидат дискриминирани заради нивната трансродовост. “Ниту еден студент не смее да го искуси чувството на недобредојденост во училиште или на капмус,” објасни во писмо бившиот Секретар за образование Џон Б.Кинг Џуниор во мај 2016. “Оваа насока во продолжение го појаснува она што постојано го повторуваме – дека родовиот идентитет е заштитен со Title IX.”

Според Њујорк Тајмс, откако Оконор ја издаде наредбата, администрацијата на Обама испрати жалба за да го спречи спроведувањето на законот на Оконор на национално ниво. Но во петокот, на 9ти февруари, Одделот за правда на Трамп ја повлече жалбата на поранешната администрација.

Иако останува нејасно што ќе се случи следно во правниот процес, ваквиот чекор на администрацијата на Трамп загрижува многу ЛГБТ активисти и групи за човекови права. Сара Ворбелоу, правниот застапник на Кампањата за човекови права, објасни, “Она што не’ загрижува е јасната порака дека Одделот за правда, во најмала мера – а веројатно и пошироката администрација на Трамп – нема да ги штити трансродовите студенти.”

Мара Кислинг, извршниот директор на Националниот центар за трансродова еднаквост, изјави за Хафингтон Пост дека оваа борба нема да биде лесна победа за Трамп. “Го очекувавме ова и не не’изненадува,” кажа Кислинг. “Но администрацијата на Трамп е хаос. Прво удираат врз луѓето кои ги сметаат за најслаби. Мислам дека не разбираат колку сме силни.”

Извор