Дами и господа, и сите останати – Пол Пресиадо

Дами и господа, и сите останати – Пол Пресиадо

Превод: Јулија Мицова


Текстот на Пол Пресиадо, философ, првично беше издаден во францускиот весник Liberation на 15.01.2018 год, под наслов „Letter d’un homme trans à l’ancien régime sexuel”. На 16.01.2018 год., англиската и германската верзија на текстот беа издадени во уметничкото списание Texte Zur Kunste. Текстот е одговор на Пресиадо на жестоката реакција на движењето #metoo во Франција, осудено од страна на Кетрин Денев и други видни личности како „пуританистичко“.

Фатен среде престрелката во политиката на сексуалното вознемирување, би сакал да кажам збор два како шверцер меѓу два света, светот на „мажите“ и светот на „жените“ – коишто два света можеби и не би постоеле ако некој не вложуваше толку многу напор да ги одржи одвоени, како еден вид на Берлински родов ѕид. Би сакал да ви пренесам вести од позиција на „пронајден објект“, односно повеќе од позиција на „изгубен објект“ – изгубен при преминот.

Не говорам како маж од владејачката класа, класата на која машкиот род ѝ е назначен при раѓање, чии членови се израснати како дел од истата, кои го имаат правото, односно кои мораат (ова е интересен аналитички клуч) да го практикуваат машкиот суверенитет. Не говорам ни како жена, со оглед на тоа што доброволно ја напуштив таа форма на политичко и општествено отелотворување. Говорам како транс маж. Не тврдам ни дека го претставувам колективното „што-и-да-е“. Не говорам, ниту пак можам, како хетеросексуалец или хомосексуалец, иако сум запознаен со и ги окупирам и двете позиции, затоа што кога си транс овие две категории се вон употреба. Говорам како родов одметник, како родов мигрант, бегалец од сексуалноста, дисидент (можеби напати невешт затоа што не постои транс водич за употреба) во поглед на режимот на половата разлика. Како самопрогласен експериментален глушец на сексуалната политика, подложен на засега неспоредливото искуство да се живее од двете страни на ѕидот, и на кој, со оглед на тоа што го преминувам секојдневно, веќе му е здодеано, дами и господа, од тврдоглавата ригидност на кодовите и желбите диктирани од хетеропатријархалниот режим. Ќе ви кажам дека, од другата страна на ѕидот, работите се многу полоши од што си замислував од моето искуство како лезбејка. Бидејќи живеам небаре-сум-маж во машки свет (свесен дека отелотворувам политичка фикција), ја имав можноста да потврдам дека владејачката класа (машката и хетеросексуалната) нема да се откаже од привилегиите само затоа што твитаме или од време на време ќе испуштиме по некој крик. Бидејќи сексуалната и анти-колонијалната револуција од минатиот век им го разниша светот, белите-хетеро-патријарси се впуштија во контра-реформациски проект – сега придружени и од „женските“ гласови на кои и понатаму не им пречи да им се “додева и прогонува“. Оваа војна ќе трае 1.000 години – најдолгата досега, со оглед на тоа дека ќе влијае врз политиките на репродукција и процесите преку кои човековото тело социјално се одредува како суверен субјект. Всушност ќе биде досега најважната војна затоа што битката не се води за присвојување на територии или градови, туку за телото, задоволството и животот.

 

 

Карактеристично за позицијата на мажите во нашите техно-патријархални и хетероцентрични општества е фактот дека машкиот суверенитет се дефинира според законската употреба на техниките на насилство (кон жени, деца, не-бели мажи, животни, и кон планетата во целост). Доколку ги прочитаме Макс Вебер и Џудит Батлер ќе забележиме дека за општеството машкоста претставува исто што и Државата за нацијата: господар и легитимен корисник на насилството. Насилството социјално се изразува во форма на доминација, економски во форма на привилегии, и сексуално во форма на агресија и силување. Обратно, женскиот суверенитет во ваквиот режим се врзува за способноста на жените да раѓаат деца. Жените се сексуално и социјално потчинети. Само мајките се суверени. Во овој систем, машкоста се дефинира од некро-политички аспект (според правото на мажот да нанесува смрт), додека женскоста се дефинира био-политички (според обврската на жената да има деца). Некро-политичката хетеросексуалност наликува на утопијата на копулационата еротизација меѓу Робокап и Осмиот патник, доколку се убедиме дека, со малку среќа, еден од двајцата ќе ужива…

41ckLZbQb4L._SY355_

Хетеросексуалноста не претставува единствено политички режим, како што покажа француската писателка Моник Витиг. Исто така претставува и политика на желбата. Специфично за овој систем е што е инкарниран како процес на заведување и романтична зависност меѓу „слободните“ сексуални агенти. Позициите на Робокап и Осмиот патник не се избрани индивидуално и свесно. Некро-политичката хетеросексуалност претставува владеење ненаметнато од страна на тие што владеат (мажите) врз тие што се предмет на владеење (жените), туку епистемологија со која се положуваат дефинициите и позициите на мажите и жените по пат на внатрешна регулација. Ваквиот вид на владеење не е во легислативна форма туку претставува непишана норма, превод на гестикулации и кодови преку кои во практикувањето на сексуалноста се воспоставува поделба меѓу дозволеното и недозволеното. Оваа форма на сексуално ропство е заснована врз естетиката на заведување, стилизација на желбата, и историски конструираната и кодирана доминација со која се еротизира и одржува разликата во моќта. Политиката на желбата го одржува во живот стариот полов/родов режим, и покрај законскиот процес на демократизација и еманципирање на жените.

 

aline1

 

Некро-политичкиот хетеросексуалец понижува и разорува налик на вазалството и ропството за време на Просветителството. Процесот на осудување на насилството и неговото овозможување, кое го искусуваме во моментов, е составен дел од сексуалната револуција, незапирлива колку што е и бавна и кривулеста. Квир феминизмот ја постави епистемолошката трансформација како предуслов на социјалните промени. Бинарната епистемологија и родовата натурализација се доведени во прашање со тоа што се наметна тврдењето дека постои неупростливо мноштво на полови, родови и сексуалности. Сепак, деновиве уочивме дека либидната трансформација е исто толку значајна како и епистемолошката: желбата мора да се трансформира. Мора да научиме како да ја посакуваме сексуалната слобода.

ondira-moiaussi

Соочени со техниките на субјективизација и желби поврзани со хегемонската некро-политичка хетеросексуалност, квир културата, со години, претставува лабораторија за откривање на нова естетика на дисидентски сексуалности. Повеќето од нас одамна ја напуштија естетиката на Робокап-Осмиот патник сексуалноста. Од буч-фем и БДСМ културите, со Џоан Нестл, Пет Калифиа и Гејл Рубин, со Ани Спринкл и Бет Стивенс, со Гилиам Дустан и Виржини Депант, научивме дека сексуалноста претставува политички театар во кој желбата, а не анатомијата, го пишува сценариото. Во рамките на театарската фикција на сексуалноста возможно е да посакаш да ги лижеш ѓоновите од чевлите, да те пенетрираат низ секој отвор на телото, или да го бркаш љубовникот низ шума како сексуален плен. Сепак постојат два различни фактори кои ја одвојуваат квир естетиката од таа на стрејт нормативноста на стариот режим – античкиот режим: согласноста и не-натурализацијата на половите позиции. Еквивалентноста на телата и редистрибуцијата на моќта. Како транс маж, се дисидентификувам со доминантата машкост и нејзината некро-политичката дефиниција. Најважно не е да се одбрани тоа што сме (мажи или жени) туку да се одбие, да се дисидентификуваме од политичката принуда со која сме присилени да ја посакуваме нормата и да ја репродуцираме. Нашата политичка пракса е да се покаже непослушност кон нормите на родот и сексуалноста. Поголемиот дел од животот бев лезбејка, а транс во последните пет години. Се оддалечив од вашата естетика на хетеросексуалност како што будистички монах кој левитира е оддалечен од супермаркет. Вашата естетика на сексуалниот антички режим не нуди никакво задоволство (не свршувам на неа). Не ме возбудува помислата да „злоупотребувам“ некого. Не посакувам да избегам од сопствената сексуална мизерија со тоа што ќе го допрам задникот на некоја жена во јавен превоз. Еротскиот и сексуален кич што го нудите не буди никаква желба во мене: мажите што ја злоупотребуваат сопствената позиција на моќ за да свршат и да пипкаат задници. Ми се повраќа од гротескната и убиствена естетика на некро-политичката хетеросексуалност. Тоа е естетика со која повторно се натурализираат половите разлики и со која мажите се поставуваат на позиција на агресор, а жените во позиција на жртва (ужасно благодарна или среќно злоупотребувана).

Extinct Species Heterosexual man,extinct 2042.

Доколку може да се каже дека во квир и транс културата се ебеме подобро и почесто, тоа е, од една страна, затоа што ја отстранивме сексуалноста од доменот на репродукцијата, и пред се затоа што се ослободивме од родовата доминација. Не тврдам дека квир и транс-феминистичката култура ги избегнува сите видови на насилство. Не постои сексуалност без мрачна страна. Но мрачната страна (нееднаквоста и насилството) не мора да преовладува со и да ја предодредува сета сексуалноста.

Претставници, жени и мажи, на стариот режим, соочете се со вашата мрачна страна и забавувајте се. Да ги закопаме мртвите. Уживајте во вашата естетика на доминација, но не го преточувајте вашиот стил во закон. Дозволете ни да се ебеме со наша сопствена политика на желбата, без мажи и без жени, без пениси и без вагини, без секири и без пиштоли.

 

 

Извор