Чикашките црни дрег-кралици ја поткрепуваат џендер-бендер традицијата

Чикашките црни дрег-кралици ја поткрепуваат џендер-бендер традицијата

Заборавете на РуПол и моминските забави: Овие кралици ја носат протестната политика на сцена.

fob-feature_drag_race_stucker-vixen-18

Позади нивната церемонијалност и веселба, дрег перформансите од секогаш биле радикални дела. За геј ослободителното движење историјата обично им дава заслуга на белите активисти, но оние кои први заземаа став се обоените луѓе качени на високи ча-ча потпетици. На 28 јуни 1969, рано утрото, полицијата изврши рација во Стоунвол Ин во Гринич Вилиџ, но набрзо изгуби контрола кога квир патроните на барот возвратија. Сведоците велат дека Марша П. Џонсон, 25 годишна црна транс жена и дрег-кралица е првата која се спротиставила. “Марша Џонсон кажа, ‘Имам граѓански права!’ ” историчарот Дејвид Картер изјави за Вилиџ Воис во 2012. “Тогаш, Марша фрли шот-чашка во огледало. И така бунтовите започнаа.”

Во градот кој е позагрижен за 16 истрели (shots) отколку за шот-чашки, факелот на Џонсон им е предаден на чикашките црни кралици. Додека растечката балска култура на западот и југот—истражена во напис на Ридер од 2011—е засолниште за млади, геј, црни мажи, “чија сексуалност може да ги направи отпадници и мети во нивните соседства,” како што е образложено во статијата, кралиците кои доаѓаат во светкавите клубови во Бојстаун работат во претежно бела дрег-култура, се повеќе и повеќе прифатена и припитомена од мејнстримот. Според зборовите на изведувачите, има приближно 75 дрег-кралици со полно работно време во Бојстаун, од кои само пет се црни. Дури и во напнатиот период во градот по скандалите со полициска бруталност и убиства, овие кралици го продолжуваат политички отвореното наследство на нивната уметност, давајќи му ново значење на терминот “дрег-трка.”

Ридер разговараше со две од помладите црни дрег-кралици од градот за нивната работа и за нивните идентитети на и зад сцената.

 

The Vixen

fob-feature_drag_race_stucker-vixen-1

На видео од мобилен телефон, со слаб квалитет, Vixen танцува под виолетово светло, забивајќи со тупаница во воздухот, во ритамот на “They Don’t Really Care About Us” од Мајкл Џексон, пред да се спушти во смртоносен пад со свиткани нозе и грбот испружен на подот. Ова е еден од помалку конфронтирачките настапи на 25 годишната дрег-кралица, која еднаш изведе песна на сцена облечена како Мајкл Браун.

Геј маж од југот, Тони, како што е познат надвор од сцената, почнал со настапи во околните клубови во 2012, но најпосле се фокусирал на бркање платени тезги во Бојстаун. (Тони побара да биде идентификуван исклучиво со неговото прво име, наведувајќи загриженост за својата лична безбедност.) “Дојдов во соседството од истата причина како и сите други: да најдам прифаќање,” тој објаснува. Но тој вели дека набрзо сфатил колку суров може да биде северот за црните дрег-кралици .

fob-feature_drag_race_stucker-vixen-2

“Кога започнав, клубовите ќе донесеа обоена кралица за секое шоу со цел да го штиклираат полето за разновидност,” вели Тони. “Па така, сите се боревме за тоа едно место. Ако работев јас, тогаш останатите не.”

Иако соседството се смета себеси за засолниште за ЛГБТ луѓе, Тони верува дека сфаќањата против црната раса се се уште огромен проблем во квир круговите, вклучувајќи ја и дрег заедницата. “На крајот на денот мора да одбереш дали ќе изнесеш на виделина расизам или хомофобија,” вели тој.

fob-feature_drag_race_stucker-vixen-7

Овој судир достигна критична тока за него летово, кога пријател оставил коментари против црната раса на Фејсбук во врска со “ѓубрето од југот кое ја уништи Гордоста.”

“Живееш во Чикаго,” Тони се потсмева. “Сите знаеме што мислиш кога зборуваш за луѓе од југот.” Тони го прозва, предизвикувајќи интензивна дискусија за расизмот, за кој тој вели дека ги држи квир заедниците поделени.

fob-feature_drag_race_stucker-vixen-10

Како одговор на оваа размена, Vixen ја изведе “Don’t Hurt Yourself” од Бијонсе на нејзиното следно шоу, облечена во маица со натпис “ѓубре од југот”. Познаникот од Фејсбук беше присутен во публиката таа вечер.

“Многу често треба да се бориш за да си го видиш лицето на постер,” вели Vixen. “Секогаш постои ризик кога ќе спомнам дека сум црна.”

Сепак, кога станува збор за политиките на дрегот, Vixen продолжува да ги бутка—како што би рекла Бијонсе—“на лево, на лево.”

Petty Crocker

fob-feature_drag_race_stucker-pettycrocker-1

“Не милсам дека дрег значи само да се облекуваш како жена,” вели 21 годишната Итунуолува Ебиџими додека намачкува сина подлога на своето лице. “Кога дрег-кралиците носат шест пара трепки и три перики и потполнки до небо, тие не се облекуваат како жена. Јас не се облекувам како жена.”

Цисродовата жена, Ебиџими, позната и како Пети Крокер, е претставник на субкултура во субкултура. Додека најпрепознатлива слика за дрег-кралица е маж кој се облекува како преувеличена жена, Пети прави “родокурцачки” дрег, правејќи карикатури од невозможните очекувања за женскост и машкост преку нивно заматување. За кралиците кои се претставуваат во оваа категорија, тоа може да значи комбинирање на пуфкаст розев фустан со целосна брада, или додавање на синтетички сексуални привезоци на нежен костим.

“Инспирирана сум од клупските деца и уметници како Ли Бауери,” објаснува Ебиџими, повикувајќи се на младите, техниколор журкаџии од 80-те и 90-те од Њу Јорк и перформерот со кловновско лице кој во голема мера влијаеше на Бој Џорџ. “Не станува збор за класичен дрег туку за нешто вонземско.”

fob-feature_drag_race_stucker-pettycrocker-9

 

Израсната од нејзината нигериска мајка во Аптаун, Ебиџими почнала со нанесување шминка како тинејџерка сценирајќи настапи во својата соба, носејќи ја својата женскост кон поизразени нивоа.

Многу често таа била единствената црна ученичка во своето одделение, носејќи го чувството дека нејзините бели соученички очекуваат високо ниво на еднаквост од неа. “Се обидував да бидам достојна на белата визија за она како би требало да изгледа женскоста,” вели Ебиџими.

Дрегот и овозможил да ги нагласи оние делови од нејзиниот идентитет кои школската заедница се обидувала да ги замолчи. “Може само да се преправаш дека не си црна толку долго врме,” вели таа смеејќи се.

Во моментов студентка на Институтот за Уметност во Чикаго, Ебиџими верува дека дрегот е форма на висока уметност која не може да биде ограничена од конвенционалната дихотомија на маж vs. жена. “Има нешто во тоа да ја создаваш сопствената слика,” вели таа. “Дрегот е толку интердисциплинарен—има мода, перформанс, фотографија и скулпторство.”

Ова, вели Ебиџими, му дозволува на дрегот да биде и интелектуален и забавен.

fob-feature_drag_race_stucker-pettycrocker-15

“Она што го прави дрегот значаен се неговите вкрстени концепти: род, сексуалност, раса, класа, способност.”

Носејќи огромна руса афро фризура и пантолони кои ги направила од продолжетоци за коса и џинс—“референца на каубоите, кои по потекло се црни домородни мажи”—Ебиџими се погледнува во огледалото за последен пат пред да излезе. Со широка насмевка, подигнати веѓи, таа е отелотворување на веселата манија на клупската сцена. Го навалува лицето и го стеснува погледот, гледајќи се себеси со сериозен поглед на отпор.

Време е за настап.

Извор