ХОПС доби меѓународна награда

ХОПС доби меѓународна награда

НВО ХОПС ДОБИ НАГРАДА ОД ОБЛАСТА НА ХИВ И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
Застапници на правата на сексуалните работници и корисниците на
дрога беа наградени на Меѓународната конференција за СИДА

(Виена, 20 јули, 2010 година) — ХОПС – Опции за здрав живот е добитник на
Меѓународната Награда за ХИВ/СИДА и Човекови Права за 2010 година, објави денес
Канадската Правна Мрежа за ХИВ/СИДА и Хјуман Рајтс Воч (Human Rights Watch).
Наградата со која се одликуваат извонредни поединци и организации кои работат на
заштита на правата и достоинството на луѓе кои се под ризик или влијание на
ХИВ/СИДА, беше доделена во Виена на 20 јули, 2010 година, на XVIII Меѓународна
Конференција за ХИВ/СИДА.

“Сексуалните работници секојдневно се соочуваат со прекршувања на нивните
човекови права, вклучувајќи и дискриминаторско одбивање на здравствени услуги,
произволни приведувања од страна на полицијата, малтретирање, и сексуално и
физичко насилство,” рече Ричард Елиот, извршен директор на Канадската Правна
Мрежа за ХИВ/СИДА (www.aidslaw.ca). “Оваа награда го потврдува огромниот
придонес на ХОПС во потрагата по правда за сексуалните работници и во
подобрувањето на нивниот пристап до здравствени, социјални и правни услуги.”
Почнувајќи од 1997 во Скопје, ХОПС ја отвара првата програма за размена на опрема
за инјектирање во Македонија. Оттогаш, успешно спроведува неколку програми за
намалување на штети, на тој начин спречувајќи го ширењето на ХИВ/СИДА и други
сексуално и крвно преносливи инфекции. Ја поддржува и социјалната реинтеграција и
ре-социјализација на младите и ранливите групи како што се корисниците на дрога,
сексуалните работници и нивните семејства.

“Чест ми е да ја примам наградата во име на ХОПС,” изјави Влатко Деков, извршен
директор на ХОПС. “Горд сум што нашите заложби придонесоа до промени во
политиките, и што нашите теренски активности и дневни центри поттикнаа побезбедно
однесување кај македонските сексуални работници и помогнаа во изградбата на
чувство на заедништво и зајакнување кај сексуалните работници, луѓето што користат
дроги, и другите социјално маргинализирани лица.”
ХОПС спроведе кампања за застапување по полициската рација насочена кон
сексуалните работници што се случи во ноември 2008. Властите насилно ги тестираа
приведените, за ХИВ и Хепатит Ц и објавија фотографии и видео снимки на
приведените сексуални работници. Кампањата привлече меѓународно внимание и
отвори дијалог со полицијата за намалување на бројот на насилни инциденти против
сексуалните работници од полицајци, и ги подобри полициските реакции при
насилство врз сексуалните работници од трети лица.

“Со Меѓународната Конференција за СИДА се насочува светското внимание врз
злоупотребата на човековите права на сексуалните работници и храброста на ХОПС,”
рече Џозеф Ејмон, директор на Програмата за Здравје и Човекови Права во Хјуман
Рајтс Воч (Human Rights Watch – www.hrw.org/health). “Полициското насилство врз
сексуалните работници ја зголемува нивната ранливост на ХИВ инфекции и ги
оддалечува од медицинска грижа и третман.”

Наградите за делување во областа на ХИВ/СИДА и човекови права беа воведени во
2002 година од Канадската Правна Мрежа за ХИВ/СИДА Хјуман Рајтс Воч. Годишно се
доделуваат две награди и тоа една во Канада а една на меѓународно ниво.
Овогодишната канадска награда беше доделена минатиот месец на Ралф Јиргенс,
адвокат и застапник за човекови права и СИДА, кој веќе 25 години работи во одбрана
и промоција на човековите права, со особен фокус на правата на луѓето кои користат
дроги и луѓето во затвори или други затворени установи.

За да дознаете повеќе за ХОПС, посетете ја:
• Веб страната на ХОПС: www.hops.org.mk
За да дознаете повеќе за рацијата и апсењето на сексуалните работници во
ноември 2008 година, ве молиме посетете ги:
• Видео изготвено од ХОПС и организацијата за човекови права Витнес
(WITNESS) кое дава преглед на насилството врз сексуалните работници:
http://hub.witness.org/en/upload/sex-workers-rights-macedonia-you-must-knowabout-
me-excerpts
• Видео на ХОПС и Витнес кое ја документира рацијата:
http://hub.witness.org/en/YMKAM
• Отворено писмо од Канадската Правна Мрежа за ХИВ/СИДА и Хјуман Рајтс Воч
до Македонската влада, во врска со рацијата од Ноември 2008 година:
http://www.aidslaw.ca/publications/publicationsdocEN.php?ref=908