Болрум легендите кои му донесоа десетки на Рајан Марфи за серијата Pose

Пред речиси 30 години, кога Paris is Burning се појави во кината, светот на болрум сцената за прв пат се прошири надвор од подземјето во првите редови на квир културата. Денес, модата, вогингот и енергијата на таа легендарна сцена од 80-тите се вратија во живот преку новата FX серија на Ryan Murphy, Pose.

За да го одржи наследството и историската вистина на оваа легендарна ера, Murphy отиде директно до изворот, регрутирајќи неколку болрум консултанти за да му помогнат серијата да биде точна и вистинита. Меѓу нив се и Кумот Hector Xtravaganza, Jack Mizrahi, Deja Smith, Jonovia Chase, Mila Khalevich и Twiggy Pucci Garçon – болрум икони, легенди и предизвикувачи на промени, без кои болрум сцената не би постоела.

“Ова е животна шанса”, вели Кумот Hector Xtravaganza. Како еден од основачите на легендарната House of Xtravaganza, Hector видел се’, од кризата со ХИВ / СИДА до “Не прашувај, не кажувај” политиката на Clinton, до неодамнешната ера на брачна еднаквост.

 

Овие чекори за напредокот на ЛГБТК+ заедницата допринесоа за моменталната ситуација, кога светот насочува поголем дел од своето внимание кон транс животите, иако транс луѓето секогаш биле дел од поголемиот квир наратив. Со Pose, за прв пат досега, една телевизиска серија има пет ѕвезди кои се обоени транс жени. Таа автентичност на кастингот овозможи серијата да резонира, не само за гледачите дома туку и за оние кои работат зад сцената. Консултантката на Pose и мејк-ап артистка Deja Smith, позната како Lady Deja Davenport, се сеќава на нејзиното воспитување во семејство од работничка класа на Лонг Ајленд, каде  практично немало ЛГБТК+ луѓе околу неа.

“Имаше неколкумина, но тие беа прогонувани”, вели Smith. Една вечер, додека била сама дома, го гледала Paris is Burning, за кој вели дека направил наеднаш да се почувствува видена. “Знаев дека има и други луѓе како мене, и бев решен да ги најдам”, вели таа. Претходно работела како лична мејк-ап артистка за ѕвезди како Laverne Cox, а Smith сега работи како една од раководителките на позадинскиот оддел за Pose. “Неколку години подоцна, еве ме. Момент на затворен круг. ”

Декоратерката на сетови Mila Khalevich, исто така, го затвора кругот со Pose. Додека привршувала со работа на серијата The Americans, Khalevich побарала од продуцентите на FX да ги донираат сетовите. Тие и’ раскажале за новото шоу наречено Pose. “Ги прашав,” Мислите на вогинг? “Па јас настапував на Xtravaganza баловите! Ја претставував куќата на LaBeija… Полудеа”. Таа се сеќава дека болрум сцената била формативен период во нејзините средношколски денови, но никогаш не помислила дека ќе има повторно враќање во нејзиниот професионален живот. “Навистина ме обликуваше во личноста која сум денес, а не ја ни’ направив таа врска”.

Сега таа допринесува со своите вештини како сет-декораторка за телевизиските екрани. “Најмногу се сеќавам на енергијата. Сакавме да го донесеме токму тоа на сетовите”, вели Khalevich. Координирањето на болрум сцените бараше големо внимание на деталите, а тоа значи полни раце работа. Тука ни’ помогна ѕвездата на Paris is Burning Freddie Pendavis.

“Некои од танчерите во позадина изгледаат како луѓе од Paris is Burning”, вели Pendavis. “Во извесна смисла, тоа е како да им се даде втор живот”. Pendavis, исто како Hector Xtravaganza, помогна да се обезбеди историската точност за Pose, меѓу другото и со придонес во изборот на модата. “Тоа е контролиран хаос. Знаеме што сакаме “, вели Pendavis. “Модата не е само изглед. Ние се стремиме и кон изгледот и кон кројот”.

Нивната напорна работа се гледа во секоја епизода, а уште поимпресивен е фактот што многу од консултантите на шоуто за прв пат работат во Холивуд. “Како можете да очекувате луѓето да имаат искуство кога никогаш не им била дадена можност да имаат искуство?”, вели болрум легендата Jack Mizrahi. Мејк-ап артисти, организатори на настани, пејачи, кореографи и многу други се присутни на сцената, а Mizrahi е благодарен што може да ги види сите нив како ги реализираат своите таленти на голема платформа. “Кога ќе се свртам и ќе го видам Jacob Prodigy како прави поправки или Leiomy, кого го израснав, како работи на кореографија на сет, или Jonovia како станува продуцентка со која сите се разбираат, си велам, ова нека не е единствениот пат кога добиваме ваква шанса “.

Pose е движење”, вели асистентката продуцентка Jonovia Chase. “Ретко гледаме нешто што е намерно структурирано да и’ помогне на заедницата … Тоа е повеќе од шоу. Тоа е повеќе од забава. Станува збор за промена на животот на луѓето “. Од писателската соба до продукција на екранот, болрум заедницата се рефлектира искрено и со внимание. “Тоа е конгломерат на прекрасни души”. Преплавен со членови на заедницата, Chase го нарекува сетот семејството полно со поддршка на секој чекор.

“Афирмирачки, славенички, надреално … кога сум на сет, има толку многу љубов”, вели Twiggy Pucci Garçon, консултант и креатор на болрум документарецот Kiki. “Бидејќи сум дел од болрум сцената од млада возраст, навистина ми требаше да се гледам себеси”. Garçon се надева дека секој кој ја гледа серијата се гледа себеси во ликовите. “Кога ги ставаме во центар гласовите на маргинализираните луѓе, секој го добива она што кое му е потребно. Има многу да научиш. ”

Додека шоуто чека обновување за втора сезона, критичкото признание од Vanity Fair и Entertainment Weekly го потврдува обемот на културното влијание на шоуто. “Јас не сум за бројки. Јас сум за влијание”, вели Chase. “Без разлика каде ќе стигне оваа серија, ќе има влијание врз целиот свет”. Болрум заедницата од минатото, сегашноста и иднината конечно ја гледа искрената застапеност со Pose.

“Како да му кажам не на Ryan Murphy?”, вели Hector Xtravaganza. “Тоа е најдобрата одлука што сум ја донел во мојот живот … Не би го пропуштил ова за ништо. Како што велеше баба ми: “ако ти се затвори вратата, претвори се во течност и протечи внатре”.

Извор



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top