Блиску до лекот за ХИВ откако болеста ‘исчезна’ од крвта на еден Британец

Блиску до лекот за ХИВ откако болеста ‘исчезна’ од крвта на еден Британец

Маж од Велика Британија може да стане првиот човек во светот кој ќе биде излечен од ХИВ користејќи терапија создадена од тим на научници од 5 универзитети од Обединетото Кралство.

44 годишниот човек е еден од 50 луѓе кои во моментов тестираат третман кој ја таргетира болеста дури и во нејзината прикриена состојба.

Научниците изјавуваат за The Sunday Times дека во моментов вирусот е целосно незабележлив во крвта на човекот, макар што тоа може да е резултат на постојаните лекарства. Сепак, доколку и прикриените клетки се исчистени, тоа ќе биде знак за првиот целосен лек. Резултатите од тестирањата се очекува да бидат објавени во 2018.

“Ова е еден од првите сериозни обиди за целосно лекување на ХИВ,” изјави Mark Samuels, генерален директор на Националниот Институт за истражувања во здравството.

“Ја истражуваме реалната можност за лекување на ХИВ. Ова е голем предизвик и се уште е рано, но напредокот е извонреден.”

hiv_virus_in_the_bloodstream_alamy-large_trans-pjliwavx4cowfcaekesb3kvxit-lggwcwqwla_rxju8

Тестирањата ги спроведуваат истражувачи од универзитетите на Oxford, Cambridge, Imperial College London, University College London и King’s College London.

ХИВ е толку тежок за третман бидејќи го напаѓа имунитетот, врзувајќи се во ДНК на Т-лимфоцитите така што не само што ја игнорираат болеста, туку се претвораат во вирусни фабрики кои го репродуцираат вирусот.

Постоечките третмани, наречени антиретровирусни терапии (Арт), го таргетираат тој процес, но не можат да ги забележат прикриените инфицирани Т-лимфоцити.

Новата терапија функционира во две фази. Најпрво, вакцинацијата му помага на телото да ги препознае ХИВ – инфицираните клетки за да може да ги исчисти. Понатаму, новиот лек наречен Вориностат ги активира прикриените Т-лимфоцити за да бидат забележани од имунолошкиот систем.

Повеќе од 100,000 луѓе во Британија живеат со ХИВ, околу 17 проценти од нив не знаат дека ја имаат болеста, а 37 милиони се заразени низ целиот свет.

Првиот неидентификуван пациент, социјален работник од Лондон, вели: “Би било супер ако лекот е откриен. Моето последно испитување на крвта го направив пред неколку недели и нема траги од вирусот.

“Учествував во тестирањата за да им помогнам на другите, а и себеси. Би било огромно достигнување ако по сите овие години се открие нешто кое ќе ги излечи луѓето од оваа болест. Фактот што и јас бев дел од тоа би бил неверојатен.”

Професорка Sarah Fidler, консултант физичар при Imperial College London, додава: “Оваа терапија е специфично наменета да го исчисти телото од сите ХИВ вируси, вклучувајќи ги и прикриените.

“Функционираше во лабораторија и има добар доказ дека ќе функционира и кај луѓето, но мора да нагласиме дека се уште има многу работа за да дојдеме до конкретна терапија.

“Ќе продолжиме со медицинските испитувања во наредните пет години и во моментов не препорачуваме да се престане со Арт, но во иднина, во зависност од резултатите од испитувањата, може да го истражиме ова.”

Само еден човек досега бил излечен од ХИВ. Тоа е Timothy Brown, познат и како ‘вториот’ Берлински Пациент, кој прими трансплантација на матични клетки од пациент со природен имунитет на ХИВ во 2008.

Ian Green, извршен директор на Terrence Higgins Trust, добротворна организација за СИДА, вели: “Се уште не постои лек за ХИВ и ја поздравуваме оваа амбициозна студија која има за цел да го искорени вирусот целосно од телата на луѓето кои живеат со ХИВ, наместо да го потисне.”

Philip Christopher Baldwin, активист за ХИВ свест. “Навистина сум возбуден од скорешниот развој во врска со потенцијалниот лек за ХИВ вирусот.

“Првиот човек кој ја заврши екперименталната терапија го исчисти вирусот. Ми беше дијагностициран ХИВ во 2010, кога имав 24 години. Ми беа потребни бројни години да се справам со ХИВ.

“Горд сум што пет британски универзитети се одговорни за ова пионерско истражување. Останува да видиме дали вирусот ќе се врати кај “излечениот” пациент и дали останатите луѓе кои учествуваат во медицинското тестирање ќе реагираат на сличен начин.

“Истражувањето сепак е голем напредок и се надевам дека овие рани резултати ќе се повторат во тест групата. Ова е важен чекор кон свет ослободен од стравот од ХИВ.”

Извор