Skopje Pride Weekend 2018 – Настрано. Политичко. (Видео документација)

Skopje Pride Weekend со задоволство ви го претставува видеото со кое го документиравме овогодишниот Skopje Pride Weekend 2018. Викендот се одржува по шести пат во Скопје, во организација на Коалицијата Маргини и ЛГБТИ – Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет. Носечка идеја зад овогодишниот Викенд на гордоста беше НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. Со оваа идеја, од една страна, сакаме да ги истражиме и проблематизираме многустраните начини на кои хегемониските имагинации за родот и сексуалноста се вкоренети во главните политички поими. Од друга страна, НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. стреми да го превредни фигуративниот статус на “настраноста” во рамки на доминантните културно-политички простори – настраноста како радикална разлика, како отфрлените форми на живот, како пркос кон сите идентитетски рамки, како ексцесивност во однос на сите калапи на нормализација, како сопка за “репродуктивниот футуризам” – и во истата да препознае актуелизација на самата невозможност за тоталитарното затворање на живеењето и на културно-политичката заедница. Додека веќе со полн ентузијазам работиме на подготовка на следниот Викенд на гордоста, уживајте и потсетете се на топлата и инспиративна јунска атмосферата.

Уште еднаш ја изразуваме нашата благодарност до нашите поддржувачи: Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.

Видео најава:

Видео документација:

Извадок од перформансот на TRAVIS ALABANZA:

Извадок од перформансот на Sonja Sajzor, Haus of K.G. и Ostroga Mi: