СЕКСУАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА, РОДОТ И МЕДИУМИТЕ Анализа на медиумското покривање на темите поврзани со ЛГБТИ заедницата и родово заснованото насилство

СЕКСУАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА, РОДОТ И МЕДИУМИТЕ
Анализа на медиумското покривање на темите поврзани со ЛГБТИ заедницата и родово заснованото насилство
Главна истражувачка и авторка на Извештајот: Ирена Цветковиќ
Истражувачка и авторка на студија на случај „Моралната паника и претставата на ЛГБТИ во медиумите“: Мања Величковска
Истражувачка и авторка на текстот „Морализирање, обвинување на жртвите и барање правда: Студија на случај за медиумското извествување за Јавна соба“: Елена Гаговска
Дизајн на студијата: Дарко Алексовски
Лектура на: Виолета Танчева-Златева
Печати: ДатаПонс
Оваа анализа има за цел да понуди релевантни податоци, анализи и знаења за хегемонистичките стратегии на врамување, застапеност и дискурзивна конструкција на сексуалните и родови малцинства во традиционалните и онлајн медиумите во Северна Македонија, да понуди трансформации и можен напредок на овие медиумски практики низ годините и да изготви препораки што се однесуваат на медиумите, регулаторните тела за медиуми, донесувачите на одлуки и активисти за човекови права заради подобрување и трансформација на хегемониските медиумски дискурси и репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
Оваа анализа е насочена кон откривање на начините на кои се конструираат и претставуваат (репрезентираат) определени општествени групи како лезбијките, геј-мажите, бисексуалците, трансродовите лица, жените и маргинализираните жени. Репрезентацијата се однесува на јазикот и сликите што се користат во текстуалните или во говорните манифестации со цел обликување на значењето на одредени општествени групи и создавање перцепција во „општата јавност“ за нив.
Нашата анализа ја одбира перспективата на диверзитет. Овој теориски концепт ја надминува замката на непрепознавање на општествено конструираните и патријархалната природа на системите, меѓу кои и системот на „род“, типична за перспективата на еднаквост. Сепак, оваа перспектива не го игнорира фактот дека „мажественоста“ и „женственоста“ се општествени конструкти како што е случајот со перспективата на разлика. Перспективата на диверзитет ја надминува и деконструира исклучувачката логика на и/или концептот и е апликативна за анализа на репрезентација на родовите и сексуалните малцинства во медиумските дискурси.
Прочитајте повеќе со симнување на целата публикација тука
 
Истражувањето и публикувањето на студијата е реализирано со финансиска поддршка на Фондацијата Хајнрих Бел, Сараево.