Глобалниот фонд го подржува намалувањето на штети

Глобалниот фонд го подржува намалувањето на штети

Извршниот директор на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, Мишел Казачкин  му препорача на претседателот на Комисијата за наркотични дроги на ОН да испрати силна порака за вклучување на сервисите за намалување на штети.

Ова претставува уште еден официјален меѓународен повик усмерен кон делегатите во Виена да се сопрат контроверзите за вклучување на концептот за намалување на штети во политичката декарација за 10 годишната евалуација на UNGASS за која треба да се донесе согласност која ќе важи за Комисијата за наркотични дроги.


Во неговото писмо тој вели: „Како лекар, истражувач и застапник на научно основани политики за јавното здравство, долго време сметам дека намалувањето на штети е есенцијален одговор базиран на докази на полето справување со СИДА-та. Тој смета дека резултатите од средбата во Виена се особено важни, затоа што документите донесени на таа средба помагаат во воспоставувањето на рамките за политиките за дрога, она што ќе биде вклучено во финалната декларација ќе прати силна порака на земјите членки, носителите на одлуки и застапувачите на на јавното здравство.

„Се надевам дека членките ќе ги исполнат меѓународните обврски и ќе го признаат бенефитот на намалувањето на штети, пристап кој промовира човекови права, им носи бенефит на заедниците и спасува животи“ – вели Казачкин на крајот на неговото писмо.
Глобалниот фонд е најголемиот мултилатерален фонд во порбата против СИДА. Пристапите на намалувањето на штети досега биле прфатени од страна на Генералното собрание на ОН и во поголем број документи на ОН, УНАИДС, Канцеларијата на високиот комесар за човекови права, Свестката здравствена организација, Канцеларијата за дроги и криминал на ОН и Комисијата за наркотични дроги. 

Меѓутоа некои држави членки, во најголем дел Руската федерација и Јапонија, продолжуваат да се спортиставуваат на воведувањето на намалувањето на штети во политичката декларација. Во декларацијата не постои обрзување на државите членки да ги прифатат пристапите за намалување на штети доколку немаат желба за тоа. Но и покрај тоа некои од земјите членки продолжуваат да ја негираат вообичаената пракса на политики за намалување на штети во околу 80 земји ширум светот – факт кој треба да се земе предвид во документот за тековните политики на дроги на меѓународната заедница.