Последен извештај за тешките прекршувања на човекови права во Чеченија

Последен извештај за тешките прекршувања на човекови права во Чеченија

ILGA-Europe е особено загрижена во врска со овој напис. Во деновите по неговото објавување, ние (заедно со други организации за човекови права) работиме на утврдување на фактите и проценување на она што би било најдобар одговор за поддршка на жртвите.

Поради природата на целокупната ситуација со човековите права во регионот, како и мрачните услови за ЛГБТ луѓето и пред оваа криза, неверојатно тешко е да се следи што се случува.

Според извори од Северен Кавказ, до денес, повеќе од 100 лица се приведени за неосновани причини во неофицијалните затвори, каде жртвите се малтретирани со електро-шокови, сурово претепувани, и принудени да ги откријат личните контакти на други геј мажи во Чеченија. Руската ЛГБТ мрежа може да потврди барем 3 убиства досега – надвор од пријавените 20.

Руската ЛГБТ мрежа постави 24-часовна доверлива телефонска линија за да се соберат дополнителни податоци, да се стигне до жртвите и да се организира евакуација на жртвите. Досега биле примени 20 повици и евакуацијата на голем број луѓе е во тек.

Статијата на Novaya Gazeta привлече значително внимание. Руската ЛГБТ мрежа објави дека (според нивните информации) убиствата на уапсените биле суспендирани, што покажува дека меѓународниот притисок е корисен за ситуацијата. Сепак, многу луѓе и понатаму се во притвор, се соочуваат со тортура и нечовечки третман во ужасни услови.


Потребна е поддршка за оние кои живеат во Чеченија од меѓународната заедница – итно.

ILGA-Europe повикува на итно запирање на насилството врз ЛГБТИ заедницата, ослободување на уапсените, како и соодветна истрага на арбитрарниот притвор, тортура и противзаконското убивање на геј и бисексуалните мажи во Чеченија.

Итно ја повикуваме меѓународната заедница на секој начин начин да ги одбрани жртвите на притвор. Руските власти мора да стават крај на овие ужасни злоупотреби на човековите права на геј и бисексуалните мажи. Жртвите треба да бидат итно ослободени од нелегалните кампови за притвор, каде што живеат во ужасни услови и се подложени на брутално тепање и тортура.

  • Контактирајте ја руската ЛГБТ мрежа бесплатно во Русија на – 8 800 555 73 74.

  • Доколку живеете надвор од Русија и имате информации за ситуацијата во Чеченија, доверливо контактирајте ја ILGA-Europe на: +32 2 609 54 10 или info@ilga-europe.org


Општи услови за ЛГБТ луѓето во Чеченија, во Руската Федерација:
Постојат извештаи за насилство и прогон на ЛГБТ луѓето во Чеченија во минатото. Ова е регион со изразено традиционално религиозни и културни обичаи. Протерувањето или убивањето од страна на членовите на семејството (во т.н. “убиството поради чест”) на геј мажите (или оние кои се смета дека се геј) е тековен проблем во регионот. Сепак, напади на мажи со таканаречена “нетрадиционална” сексуалната ориентација не беа предмет на постојано пријавување досега, а во случаите кога било така – тоа не било во мера како статијата на Novaya Gazeta од минатиот викенд.

Одговор од властите:
Официјалните изјави на чеченските лидери се јасен поттик на омраза. Лидерот на Републиката, Ramzan Kadyrov, одговори на тврдењата за апсење на хомосексуални и бисексуални мажи за новинската агенција Interfax, со следнава изјава: “Не може да притворите и гоните луѓе кои едноставно не постојат во републиката. Ако имало такви луѓе во Чеченија, органите за спроведување на законот не би требало да имаат што да прават со нив, бидејќи нивните роднини веќе ќе ги имале испратено некаде од каде нема враќање. ”

Слично, Kheda Saratova, член на Советот за човекови права на Чеченија, изјави за една руска радио станица “во нашето чеченско општество, секое лице кое ја почитува традицијата и културата ќе го лови овој вид на луѓе, без каква било помош од властите, и ќе направи се за да се осигура дека овој тип на човек не постои во нашето општество “.

Извор