Интерсексуалните лица се доказ дека природата не е опседната колку нас со ставањето на луѓе во рамки

Интерсексуалните лица се доказ дека природата не е опседната колку нас со ставањето на луѓе во рамки

Родот е фасцинантна се’опфатна конструкција. Од моментот на раѓање, општеството ни’ предодредува едно од двете возможни и инсистира на тоа да бидеме третирани во согласност – најчесто насилно. Овие два рода, машки и женски, одредуваат речиси се’; од боите кои би требало да ги сакаме, луѓето кои би требало да не’ привлекуваат, музиката која би требало да ја слушаме, до начинот на кој би требало да се справуваме со емоционален стрес и траума.

Зголемената свест за проблематиките поврзани со транс и родово неконформистичките заедници делуваше во насока ваквите суштински наративи да бидат свртени наопаку. Пред тоа, феминистичките движења дискутираа за припишаните начини на однесување, на пример работа надвор од дома, по основа на род, што многумина сега го сметаат за наивно.

Сепак, дури и денес, многумина во феминистичките простори не се подготвени во целост да го прифатат фактот дека родот е социјална конструкција на идеи која нема смисла за секого. Транс искуствата се’ уште се сведуваат на “начинот на кој луѓето ја носат косата.” Аргументот дека транс жените имаат “машка привилегија,” ја посочува нивната биологија како главна детерминанта за перцепцијата на нивниот род, небаре животот во маскулизирано тело не поттикнува родово насилство врз жените.

Но дури ни биологијата не е дводимензионална како што мислиме. Според The United States affiliate of the Organization Intersex International, околу 1.7% од населението е интерсекс – со физички полови карактеристики кои не соодветствуваат со стереотипните дефиниции за маж и жена – што појавата ја прави подеднакво вообичаена како и имањето на црвена коса, со бројни различни состојби и изрази на интерсексуалноста. Интерсексуалните лица ја преиспитуваат идејата за одредувањето на родот преку двете биолошки експресии, и повикуваат на пошироко разбирање за родот. Всушност, хормоните, хромозомите, гениталиите, историјата на телото и психологијата може да комуницираат на безброј начини и да создадат многу различни родови изрази, каде некогаш еден од овие фактори има поголемо влијание од другите.

За жал, интерсекс лицата се соочуваат со екстремно родово насилство, особено во форма на генитално осакатување. Застапниците на мислењето за родова бинарност, покрај тоа што сметаат дека луѓето мора да ги искусуваат еден од двата биолошки изрази на ист начин, сметаат и дека немањето на еден од нив е погрешно. Низ историјата, на родителите им се сугерирало да ги подлегнат своите интерсекс деца на “корективни” операции, кои имале катастрофални ефекти.

Важно е да се препознаат ваквите искуства ако сакаме да стигнеме некаде во дискусијата на родот. Како што неодамна изјави за Rolling Stone интерсекс активистката Hilda Viloria, “Ако интерсекс луѓето беа добредојдени и препознаени од почетокот, трансфобијата и хомофобијата воопшто не би биле тема на разговор. Не може да имате бинарни, трансфобични и хомофобични ставови кога ќе сфатите дека биолошкиот пол доаѓа во мноштво на категории и изрази. Ако се знаеше за нас, интерсекс луѓето, никогаш немаше да постојат предлог закони за анти-транс тоалети.”

Од Hari Ziyad, AFROPUNK

Извор