Контрацепциски Атлас

Контрацепциски Атлас

Што претставува атласот?

Контрацепцискиот атлас  е мапа која рангира 45 земји од Европа во однос на пристапот до модерна контрацепција.

Рангирањето — кое се базира на пристапот до контрацепција, советување за планирање на семејство и онлајн информации — открива многу нееднаква слика низ Европа.

Европскиот парламентарен форум за население и развој (EPF) го издаде атласот во соработка со Third-i, додека експертите за сексуално и репродуктивно здравје ја дизајнираа методологијата.

“Пристапот до контрацепција треба да биде од клучна важност за властите во оспособувањето на граѓаните да ги планираат своите семејства и животи. Сепак, секоја земја која беше предмет на анализа би требало да вложува поголем труд во зголемувањето на пристапот. Наодите покажуваат дека за многу европски земји убедувањето дека луѓето имаат избор во однос на нивните репродуктивни животи не е приоритет.” коментира Neil Datta, секретар на EPF.

“Ова произлегува од статистичките податоци за несакана бременост: повеќе од 43% бремености во Европа се несакани. Контрацепција користат 69.2% жени од Европа на возраст помеѓу 15 и 49 кои се во брак или живеат со партнер — пониска стапка на користење од Северна и Јужна Америка/Карипскиот регион.”

“За релативно мала цена, властите може да обезбедат надомест за контрацепција — особено за долгорочна и реверзибилна контрацепција, како што се импланти и IUD. Официјални владини веб-сајтови со информации за типови на контрацепција и каде може да се најдат претставуваат минимален трошок за владите, но  може да направат голема разлика за граѓаните кои бараат прецизни информации.”

Селектирани извадоци од наодите

Франција се наоѓа на првото место во Европа во однос на пристапот до контрацепција. Исто така, Франција е земја со највисока стапка на наталитет на континентот.

Генерално, Западна Европа има подобар пристап до контрацепција од Источна Европа. Сепак, исклучок е Молдавија — која е меѓу првите на ранг листата (4то место).

Земјите од ЕУ доминираат меѓу првите 10 места, но сепак има и 6 земји членки на ЕУ помеѓу десетте најлоши земји. Бугарија и Грција се близу дното, единствено Русија е пласирана полошо.

11 земји имаат многу добри или одлични веб-сајтови поддржани од владите со информации за различните типови на контрацепција, каде може да се најде и дали е со надомест.

Додека многу други земји имаат веб-сајтови водени од фармацевтски компании или невладини организации, шест земји немаат никаков сајт кој обезбедува информации за контрацепција (Албанија, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Грција и Русија). Некои од овие земји имаат многу ниска стапка на употреба на контрацепција, висока стапка на абортус и преваленција на митови за контрацепција.

25 земји не обезбедуваат никаков надомест за контрацепција. Една земја, Словачка, има закон кој експлицитно забранува било каков надомест за контрацепција. Од земјите кои обезбедуваат надомест, нивото на надомест варира во голема мера.

Турција обезбедува одредени контрацепциски средства бесплатно во центрите за јавно здравје, но само за жени во брак.

Итната контрацепција (позната и како ‘пилула за следното утро’) е легална во 45 од анкетираните земји. Сепак, во 3 земји (Албанија, Унгарија, Русија) се’ уште е потребен рецепт за итна контрацепција.

Извор