Netflix издава документарец за трансродово девојче во 190 земји

Netflix издава документарец за трансродово девојче во 190 земји

Netflix планира светска премиера на документарец за шестгодишно трансродово  девојче.

Беше најавено дека онлајн стриминг гигантот ги има стекнато правата за емитување на документарниот филм “Растејќи срамежлива”, кој го следи патувањето на шест-годишната ученичка Coy Mathis.

Случајот Mathis предизвика војна околу правото за користење на тоалет на трансродовите лица, кога нејзиното семејство поднесе тужба против училиште во Колорадо, откако на Coy не и’ беше дозволено да го користи женскиот тоалет.

Врховниот суд на Колорадо потоа одлучи дека постапката е дискриминаторска, како и дека на Mathis треба да и’ биде дозволено да ги користи објектите соодветни на родовиот идентитет.

Филмот, кој ќе биде објавен на глобално ниво на Netflix на 6 јануари, го следи семејствотото на Mathis низ целиот случај и нивниот секојдневен живот.

Во соопштението се вели: “Возбудени сме што Netflix ќе го објави “Растејќи срамежлива”во 190 земји.

“Ова е вистинска можност за луѓето во САД и во светот да го погледнат овој филм, во време кога пратениците и училишните администратори разгледуваат толку многу “предлог закони за користење тоалет” , кои имаат многу малку знаење од прва рака за трансродовото искуство.

“А, да потсетиме и дека Врховниот суд ќе го земе во предвид ова прашање во март или април!”

Режисерот Eric Juhola изјави за Deadline: ” Не верувам дека постои друг дистрибутер кој може да го донесе филмот пред толку многу гледачи на ист ден.”

“Многу сме возбудени. Целата поента за правење на овој филм беше да се обидеме да направиме разлика во транс правата и транс правата на младите.

“Еден од начините да се направи тоа е луѓето всушност да го погледнат филмот и да го разберат искуството на трансродовите лица.

“За време на нашата фестивалска турнеја, сфативме дека прикажувањето на јавни места, може да биде многу застрашувачко искуство за трансродовите лица.

“Па така, можноста за прикажување на филмот во живо во нивните дневни соби, на оние кои се чувствуваат загрозено им дава безбеден простор за да го погледнат, особено во земјите каде што владеат закони против трансродовите лица и дискриминација”.

Извор