Грчкиот парламент изгласа истополови партнерства!

Грчкиот парламент изгласа истополови партнерства!

partnerships_syntagma_web-thumb-large

Грчката влада, со помош на опозициските пратеници, со големо мнозинство изгласа легислатива со која истополовите двојки добиваат целосни брачни права, иако без целосна поддршка на коалиционите партенери Независни Грци.

Три од девет пратеници од Независни Грци гласале за легислативата, која означува значаен исчекор во воедначување на граѓанските права на Грција со останатите земји-членки на Европската унија.

Со 194 гласа за и 55 против, вчеравечер беше изгласана оваа легислатива која не беше поддржана од конзервативната партија.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, изјави дека донесувањето на оваа легислатива помага во одбрана на човековото право на еднаквост „без разлика на сексуалната ориентација и родовиот идентитет“.

„Со ова ставаме крај на период на назадност и срам за државата, заради кои нашата земја има изгубено пресуди на меѓународно ниво“, изјави Ципрас. „Но, наместо да славиме, можеби треба да им се извиниме на стотиците илјади сограѓани и сограѓанки на кои со години наназад им беа ускратувани нивните права.“

 

извор: Екатимерини