Сите страдања на постарата ЛГБТ генерација

Сите страдања на постарата ЛГБТ генерација

Резултатите од ново истражување покажаа дека постарата генерација на лезбејките, гејовите, бисексуалците и трансексуалците е соочена со повисока стапка на физичка попреченост, депресија и осаменост за разлика помладите хетеросексуални двојки.

 

Членовите на ЛГБТ заедницата исто така се повеќе склони кон пиење и пушење во споредба со хетеросексуалците на нивната возраст и имаат повеќе здравствени и социјални проблеми кога ќе остарат.

 

“Здравствената состојба помеѓу постарите лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци го загрижува јавното здравство”,изјави Карен Фредриксен Голдстен, истражувач на студијата. “Здравствените разлики ги одразуваат историскиот и општествен контекст на нивните животи, сериозните проблеми во кои се наоѓаат и што може да го загрозат нивното здравје, и подготвеността да бараат услуги во староста”.

 

Истражувачкиот тим истражуваше 2560 ЛГБТ луѓе на возраст од 50-95 години и покажа дека околностите под кои тие живеат допринеле многумина од нив да страдаат од физички и ментални нарушувања, па дури и 10% од нив признале дека во одреден момент во својот живот се обиделе да извршат самоубиство. Студијата вели дека 47% од луѓето пријавиле инвалидитет, 31% депресија, и 53% осаменост.

 

Испитаниците генерално не се во брак или во врска, што придонесува за помала социјална поддршка и финансиска сигурност од хетеросексуалците. Авторите велат дека постарите членови на ЛГБТ заедницата главно живеат сами и немаат деца и затоа нема кој да им помогне и се со поголема веројатност да паднат во социјална изолација во споредба со хетеросексуалните мажи на иста возраст.

 

Истражувањето открива дека 80% од испитаниците биле злоупотребувани или дискриминирани поради сексуалната ориентација, што придонесува за полошото здравје.

 

21% од нив не им ја откриле својата сексуална ориентација на своите доктори, бидејќи се плашат дека нема да бидат соодветно третирани во здравствена установа.

 

“Недостатокот на отвореност за сексуалната ориентација ги лишува од совети за сексуално здравје, и се наоѓаат под полем ризик да заболат од рак на градите или простатата, хепатитис, ХИВ и други болести”, вели Фредриксен-Голдсен.

 

Испитаниците исто така, посочиле дека им е потребно повисоко ниво на квалитет на животот: подобар транспорт, правни услуги, групи за поддршка и социјални настани.

 

Истражувачите потенцираат дека членовите на ЛГБТ заедницита, и покрај сите проблеми со кои се соочуваат, се чувствуваат добро што и припаѓаат на својата заедницата.

 

Преземено од http://www.cks.org.rs/2011/11/sve-muke-ostarele-lgbt-generacije/