Советот на Европа усвои историска резолуција за трансродовите лица

Советот на Европа усвои историска резолуција за трансродовите лица

На 22ри април, парламентарното собрание на Советот на Европа со големо мнозинство усвои сеопфатна резолуција за човекови права на трансродовите лица. Собранието ги повика земјите-членки да ги почитуваат, заштитуваат и практикуваат правата на трансродовите лица да не бидат дискриминирани и да овозможат брзо, транспарентно и достапно правно препознавање на родот базирано на самоодлучување. Во дебата, која напати беше емотивна, парламентарците ги повикаа земјите-членки да преземат проактивни мерки за унапредување на животните услови на трансродовите луѓе и да ја зголемат јавната свесност по ова прашање.

На кратко, резолуцијата ги повикува земјите-членки:

–          Да усвојат експлицитно транс-инклузивни, анти-дискриминациски легислативи и мерки, како и легислативи и мерки за дела од говор на омраза;

–          Да усвојат брзи, транспарентни и достапни процедури за правно препознавање на родот, базирани на самоодлучување, без понатамошни ограничувања базирани на личните карактеристики (како возраст);

–          Да укинат стерилизација и други медицински предуслови како дијагноза за менталното здравје или развод во правното препознавање на родот;

–          Да се погрижат, во случаи кога има вмешано деца, добробитот на децата секогаш да биде на прво место,

–          Да земат предвид вклучување на опција за трет род во документи за идентификација за оние кои го бараат тоа;

–          Да овозможат здравствена грижа специфично наменета за трансродови лица и да се осигураат дека трансродовите лица (вклучително и деца) нема да бидат обележени како умоболни во националните и меѓународните класификации;

–          Да бидат проактивни во однос на информирање, зајакнување на свеста и тренинзи, особено за професионални групи.

Драфт верзијата од резолуцијата и извештајот може да ги погледнете тука.