atch TGEU’s new video on the nightmare of legal gender recognition for trans people in Europe

atch TGEU’s new video on the nightmare of legal gender recognition for trans people in Europe

 

За повеќето трансродови луѓе во Европа или е невозможно или многу тешко и понижувачки да добијат пасош или друг вид на документ за идентификација со нивното вистинско име и род. Всушност, триесет и четири земји во Европа сè уште не дозволуваат трасродовитте лица да го променат своето име и својот регистриран род без исполнување на понижувачки услови кои ги прекршуваат нивните човекови права.

 

Трите од најлошите услови се:

– Да мораат да се стерилизираат или да поминат низ други медицински интервенции

– Да мораат да се разведат (доколку се во брак)

– Да добијат дијагноза за ментално пореметување, иако не се ментално болни

 

Како резултат на ова, повеќето трансродови луше во Европа не можат да си го променат своето име и род или пак одбиваат да го направат тоа поради задолжителните третмани. Ова значи дека тие имаат пасоши и други документи за идентификација кои не се во согласност со нивниот идентитет и надворешен изглед.

 

Кога мораат да го докажат својот идентитет, на пример – кога патуваат, кога отвараат сметка во банка, изнајмуваат стан, трансродовите луѓе би можело да бидат принудени да се аутираат, да бидат обвинети за измама или да бидат понижувани, дискриминирани или нападнати.

 

Затоа не изненадува тоа што 73 насто од трансродовите луѓе во ЕУ мислат дека треба да се усвојат нови и подобри закони да признавање на родот кои ќе им озвоможат полесно да го променат своето име и род и да живеат поудобно.

 

На списокот на овие земји се наоѓаат Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија. Грција. Унгарија, Исланд, Италија, Латвија, Луксембург, Малта. Молдавија, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словачка, Шпанија. Шведска. Швајцарија, Турција, Украина и Обединетото Кралство.

 

Во четиринаесет европски земји воопшто не посотојат закони со кои се дозволува промената на името и полот.

 

Извор: http://tgeu.org/nightmare/